Фото: Провокативната Кендел Џенер - Канал 5

Фото: Провокативната Кендел Џенер

Членката на кланот Кардашијан - Џенер, атрактивната манекенка Кендал Џенер  повторно го „запали“ интернетот со провокативни фотографии објавени на социјалните мрежи.

Фото: Провокативната Кендел Џенер

Американската манекенка и ријалити ѕвезда Кендал Џенер повторно привлече огромно внимание од јавноста откако објави серија провокативни фотографии на социјалните мрежи кои им даваат на обожавателите, како што многумина коментираат, „целосен поглед“ на нејзините облини.

Сè започнува со релативно суптилна фотографија на која Кендал седи на работ од креветот и заводливо гледа во камерата преку рамо. Сепак, на следните снимки станува јасно дека ова е многу похрабро издание.

На фотките може да се види и голата Кендел, како лежи на кревет свртен со грб, без никаков обид да го скрие своето тело. Токму оваа снимка предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, каде што обожавателите коментираа дека тоа е една од нејзините најсмели објави досега.

Како да не беше доволно тоа, Џенер дополнително ја „зачини“ објавата со крупен план што ја нагласува нејзината фигура од задниот агол, што дополнително ја подигна температурата кај следбениците.

Позната по тоа што често балансира помеѓу висока мода и провокативен имиџ на социјалните мрежи, Кендал Џенер уште еднаш покажа зошто се смета за една од највлијателните модели на нејзината генерација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер