Фото: Пролетта одамна пристигна во Мајами!

Во Мајами луѓето одамна уживаат во топлите сончеви зраци.

Во Европа пристигнува пролетта, но во Мајами одамна е веќе лето.

Плажите на Флорида се полни со убавици од Европа.

На плажа во Мајами е и италијанскиот модел Алесија Тедески.

Атрактивната Италијанка на жешкото сонце се прошета во својот нов минијатурен бикини.

Крвава роденденска забава во Еквадор: Најмалку осуммина загинати во бар

Осум лица се убиени во пукање во бар во еквадорскиот град Чандуј, каде се одржувала роденденска прослава, соопшти локалната полиција.

Не е јасно дали нападот во крајбрежната провинција Санта Елена бил насочен против лицето чија прослава се одржала, пренесува АП.

Локалната полиција соопшти дека напаѓачите пристигнале со такси и со два мотоцикли, а потоа отвориле оган врз гостите во објектот.

Некои од жртвите се пронајдени надвор од барот.

Меѓу жртвите има пет мажи и три жени, а ниту една од жртвите нема криминално досие, соопшти полицијата.

Санта Елена стана еден од најнасилните региони на Еквадор, бидејќи има три пристаништа кои често се користат за шверц на дрога.

Локалните банди, кои во некои случаи соработуваат со мексиканските картели, значително ја зголемија криминалната активност во последните години, а зголемен е и бројот на убиства во земјата, наведува АП.

Најмалку 7.600 убиства биле извршени во Еквадор во 2023 година, во споредба со околу 4.400 во 2022 година.

Досега оваа година во Еквадор имало околу 1.875 убиства.

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од пограничните области на регионот Харков

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од пограничните области на украинската област Харков, изјави денеска регионалниот гувернер Олег Синегубов, цитиран од француските медиуми.

Потребата за евакуација се појави откако руските сили во петокот започнаа нова офанзива против регионот Харков.

-Вкупно 4.073 луѓе се евакуирани, напиша регионалниот гувернер Олег Синегубов на социјалните мрежи еден ден откако руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили зазеле пет села во Харковската област.

Синегубов пријавил дека 63-годишен маж е убиен денеска од артилериска граната во селото Глибоке и дека 38-годишен маж е ранет во пограничниот град Вовчанск.

Украина во петокот соопшти дека Русија извршила напад врз регионот Харков и дека постигнала мал напредок во пограничната област од која нејзините сили беа истиснати пред речиси две години.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вечерта изјави дека украинските сили изведуваат контранапади во пограничните села на регионот Харков.

-Нашата задача број еден сега е да ги спречиме руските офанзивни планови, рече украинскиот лидер.

Протести во Тел Авив- Израелците бараат ослободување на заложниците (ВИДЕО)

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држi исламистичката група Хамас во Појасот Газа.

Како што пренесува Ројтерс, членовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои се уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел Авив.

Една од нив е Наама Вајнберг, чиј братучед Итаи Свирски бил киднапиран за време на нападот на Хамас на израелските градови на 7 октомври и, според израелските власти, бил убиен во заробеништво. Во говорот таа се осврна на видеото кое Хамас го објави вчера, тврдејќи дека уште еден од израелските затвореници починал.

„Наскоро дури и оние кои успеаја да преживеат толку долго нема да бидат меѓу живите. Тие мора да се спасат сега“, рече Вајнберг.

„Апсолутно е јасно дека израелската влада е целосно идеолошки банкротирана. Тие немаат поим што прават. Јасно е дека не се обидуваат да спасат ниту еден заложник или да ја прекинат војната. Владата всушност ја води најекстремниот фундаменталист , чија идеологија нема никаква врска со демократските идеали, единственото нешто што може да направи меѓународната заедница е да изврши притисок врз двете страни да ја прекинат војната, да го прекинат ова и да започнат мировни разговори.

Како што одминуваше вечерта, некои демонстранти го блокираа главниот автопат во градот пред полицијата да ги растера со водени топови, а некои директно се судрија со полицијата. Уапсени се најмалку три лица.

притисни ентер