Фото: Пристигна редизајниран „Peugeot 208“ - Канал 5

Фото: Пристигна редизајниран „Peugeot 208“

Иако не покажуваше знаци на стареење, „Peugeot“ одлучи да го рестилизира својот најмал модел.

Фото: Пристигна редизајниран „Peugeot 208“

Еден од најпопуларните и најатрактивните модели во класата сега е визуелно усогласен со остатокот од гамата на францускиот производител.

Новиот светлосен склоп ја наоѓа својата инспирација во „Peugeot 9x8 Hypercar“, дневните светла сега се тројно зголемени, а предната табла е освежена со нов дизајн.

Сите верзии имаат куќишта на ретровизорите во сјајна црна завршница, додека стоп светлата имаат нова графика.

Има и црни облоги за браници, а купувачите можат да изберат од седум надворешни бои.

Листата на новитети на надворешноста завршува со нова линија на алуминиумски тркала од 16 и 17 инчи.

Во кабината, најголемата иновација е 10-инчниот екран на мултимедијалниот систем, додека 10-инчниот дигитален кокпит е достапен на нивоата на опременост „Allure“ и „GT“.

Подобрите познавачи на марката ќе го забележат и новото лого на „Peugeot“, и надворешно и внатре, и новата рачка на 6-брзински мануелен менувач.

„Peugeot“ стандардно го опремува автомобилот со системот „i-Connect“, а како опција се нуди и „Advanced“ верзија.

„Android Auto“ и „Apple CarPlay“ се стандардни, а подобро опремените верзии добиваат 3 USB-C приклучоци, безжичен полнач и предни и задни камери за помош за паркирање.

Нема многу новости под хаубата. Најголемата промена се однесува на електричниот погон, односно верзијата „E-208“, која сега има 156 КС и батерија од 51 kWh.

Досегот е зголемен на 400 км, а полнењето на брзиот полнач од 20 на 80% капацитет трае 25 минути.

Опционален е трифазен полнач од 11 kW, а стандарден е монофазен полнач од 7,4 kW.

Во понудата остануваат бензинските модели, како и оние со блага електрична поддршка. „Лесните“ 48V хибриди имаат 100 и 136 КС, додека верзии со чист бензин нудат 75 и 100 КС.

Во сите случаи, зборуваме за 1,2 трицилиндрични мотори.

Цените не се објавени, но се очекува дека нема да се променат значително во однос на сегашниот модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања.

До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања.

За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци.

Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус.

Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења.

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до освојување на минимум 61 пратеничко место во Кнесетот за формирање на Влада – Израел се соочува со можна политичка блокада иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите. 

 Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Според досегашните резултати, владеачката партија – Ликуд останува водечка, сепак, комбинираниот опозицискиот блок би можел да добие мнозинство доколку соработува со арапските партии – опција која голем дел од нив ја исклучија. Бенјамин Нетанјаху повика на формирање националистичка десничарска влада и изјави дека арапските партии не смеат да имаат пристап до владата.

-Што се однесува до Ликуд — две работи станаа јасни. Првата е недвосмислена: Ликуд е најголемата партија во Израел. Мораме да формираме силна, десничарска, националистичка влада. Забрането е, едноставно забрането, да се стави Израел во ризик преку формирање влада која се потпира на непријателски арапски фракции. Пред Израел стои единствена, историска можност — заедно со нашите партнери и претседателот Трамп — еднаш засекогаш да се отстрани егзистенцијалната закана од Иран.- Бенјамин Нетанјаху, преоден премиер на Израел и лидер на Ликуд

Гади Ајзенкот вети дека ќе формира ционистичка влада со задолжителна воена служба - вклучително и за ултра-ортодоксните евреи, кои досега беа изземени, што е чувствително прашање во Израел.

-На сите милиони што денес гласаа за општа воена служба и за но во раководство, сакам да им порачам дека ќе ги вложам сите свои сили за да формирам ционистичка влада посветена на општа служба за државата. Ова ќе биде влада што ќе се придржува до принципите што ги застапував цело време: признавање на државата Израел како еврејска и демократска, посветеност на вредностите од Декларацијата за независност, посветеност на донесување закон за „Служба за сите“ и посветеност на уништување на Хамас.- Гади Ајзенкот, кандидат и лидер на Јашар

Според светските медиуми, доколку официјалниот резултат покаже дека никој нема мнозинство, израелскиот претседател – Исак Херцог би можел да се обиде да ги насочи двете најголеми партии кон формирање влада на национално единство. Херцог веќе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да спречи нови избори и политички застој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер