Фото: Презентарка на временска прогноза во танга на одмор - Канал 5

Фото: Презентарка на временска прогноза во танга на одмор

Сопственичката на најубавиот задник на телевизиите во Мексико, повторно ја возбуди јавноста.

Убавата Џенет Гарсија која има повеќе од 5 милиони следбеници на Инстаграм , на интернет повторно објави секси фотка и предизвика лавина од коментари.

Сексапилната џенет повеќе години ги развеселува телевизиските гледачи во Мексико , а нејзиниот секси задник веќе доби светска слава.
Жешката презентерка сега ги воодушеви фановите со фотка од одмор на која во преден план повторно е нејзиниот секси задник во танга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смрт на лабораториска техничарка во Сибир: ЕУ итно за сомневање за пневмонична чума,

СЗО: Ризикот за Европа е многу низок.

Смрт на лабораториска техничарка во Сибир: ЕУ итно за сомневање за пневмонична чума,

Додека Светската здравствена организација ја смирува паниката тврдејќи дека ризикот од епидемија на чума во Русија е мал, мистериозната смрт на млада техничарка во лабораторија во Сибир ја крена на нозе Европската унија.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ризикот од појава на епидемија на чума во Русија е мал по ненадејната смрт на млада лабораториска техничарка во сибирскиот град Иркутск.

Сепак, Европската унија внимателно ја следи ситуацијата, додека соседните земји веќе воведоа строги превентивни мерки на границите.

„СЗО не регистрираше знаци за понатамошно ширење на инфекцијата откако минатата недела почина Дарија Шипилова (28). Ризикот од епидемија во Русија е мал по ненадејната смрт на лабораториската техничарка која работеше во институт за истражување на чума во Сибир“, се наведува во соопштението на СЗО, пренесено од весникот „Гардијан“.

Младата истражувачка почина минатата недела, само два дена откако тешко се разболе. Извештаите на независните руски медиуми укажуваат дека Шипилова, која инаку работи во институт каде што се чуваат и проучуваат исклучително опасни патогени, можеби се заразила на работното место.

Според претходните извештаи, на 25 септември таа случајно скршила епрувета со патогенот на пневмонична чума. Била примена во болница на 29 септември со симптоми на тешка пневмонија, а починала во текот на ноќта меѓу 1 и 2 октомври.

Официјална Москва го минимизира значењето на овој настан, тврдејќи дека Шипилова починала од „пневмонија со непозната етиологија“.

Руските власти нагласуваат дека нема докази оти нејзината болест била предизвикана од некој од смртоносните патогени со кои таа работела. Сепак, ова тврдење е во спротивност со фактот дека се воведени строги мерки на карантин во истражувачкиот центар во Иркутск, како и во неколку блиски болници.

Исто така, болницата во која се лекувала младата жена е ставена под строга изолација, а околу 200 лица кои биле во контакт со неа се под строг медицински надзор.

Кристијан Линдмајер, портпарол на СЗО, во вторникот изјави дека нема знаци за поширока епидемија. „Сите лица кои биле во контакт со пациентката се идентификувани и нивната здравствена состојба се следи, но досега никој не покажал симптоми на болеста“, рече Линдмајер.

Тој додаде дека, додека руските власти сè уште истражуваат дали пневмоничната чума била причината за смртта, СЗО го проценила здравствениот ризик како „умерен до низок“ за Иркутск, „низок“ за остатокот од Русија и „многу низок“ за Европа.

Сепак, стравот од можна епидемија ги принуди соседните земји – Казахстан, Киргистан и Узбекистан – итно да воведат превентивни мерки на своите граници за да го спречат потенцијалното ширење на заразата.

Реакцијата од Брисел потврдува дека ситуацијата се сфаќа крајно сериозно.

Европската комисија (ЕК) и земјите-членки на Европската унија денес ќе разговараат за сомнителната појава на пневмонична чума во Сибир. Оваа тема беше итно вклучена во дневниот ред на состанокот на Комитетот за здравствена безбедност, кој ги разгледува сериозните прекугранични закани, објави „Јуроњуз“ (Euronews).

„Можам да потврдам дека инцидентот во Русија ќе биде дел од дневниот ред“, изјави портпаролот на Европската комисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: „Подобро е да не зборувам за тоа што му го кажав на Кукуреља“.

Капитенот Лука Модриќ го одигра својот 206-ти натпревар за репрезентацијата  на Хрватска на дуелот против Шпанија, со што се доближи до Лионел Меси на листата на играчи со најмногу настапи на сите времиња.

Модриќ: „Подобро е да не зборувам за тоа што му го кажав на Кукуреља“.

Модриќ играше до 66-тата минута од мечот во Сплит, во кој Хрватска загуби со 2:1, кога беше заменет од Петар Сучиќ.

Светски рекордер е Кристијано Роналдо со 234 настапи за Португалија, а пред Модриќ се наоѓа само Меси, кој одиграл 207 натпревари за Аргентина. По натпреварот, капитенот го коментираше исклучувањето на Иван Перишиќ.

-„Што да коментирам? Кукуреља сам се доведе во таа ситуација. Дури и не знам што се случува со новиот ВАР... Да останевме со еднаков број играчи на теренот, сигурно немаше да загубиме“, смета Модриќ.

Тој беше краток во врска со дуелот со шпанскиот лев бек. „Подобро е да не зборувам за тоа што му кажав на Кукуреља“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредени

Напад со нож се случи во среда наутро во комплекс на стручни училишта во полскиот град Остроленка, при што се повредени најмалку седум лица, објави полскиот медиум RMF24.

Ученик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредени

Нападот го извршил ученик

Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Двајца од седумте повредени се во тешка состојба.

Уапсен по бегството

По нападот, напаѓачот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев.

Фото:„Policja Mazowsze“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер