АвтомобилизамФото: Претставен првиот „Maybach“ кој може да работи на струјаАвтомобилот ја има ознаката „Mercedes-Maybach S580e“ каде буквата „е“ во името се однесува на „plug-in“ хибридниот погон. Најголемата и веројатно единствената вистинска иновација се однесува на погонот.Електрификацијата го натера и „Maybach“ да се „спушти меѓу смртниците“, односно на ниво од шест цилиндри. Имено, во срцето на погонот е 3.0 линиски шестцилиндричен бензински мотор со 367 КС и 500 Nm, а спарен е со електромотор кој произведува максимални 150 КС и 440 Nm. Вкупната комбинирана моќност е 510 КС, а вртежниот момент достигнува 750 Nm, што одговара на „обичниот“ „Mercedes S580e“. Очекувано, перформансите се исти, што значи дека овој луксузен „крусер“ до 100 км/ќ достигнува за 5,1 секунда, а максималната брзина е ограничена на 250 км/ч, односно на 140 км/ч, доколку автомобилот се движи само на струја.. Автомобилот се испорачува со полнач со моќност од 11 kW, додека како опција е достапен и појак од 60 kW. Во вториот случај, батеријата од 28 kWh се полни за само половина час. Електричниот опсег е 100 км. Се добива впечаток дека електрификацијата на „Maybach“ се случува некако срамежливо, па единствените знаци на препознатливост на електрифицираната верзија се сините детали во фаровите и отворот за полнење. Внатре, единствената новина е индикаторот за статусот на батеријата на дигиталната контролна табла. И една интересна работа. Овој модел ќе дебитира во Кина, потоа во Тајланд и дури потоа ќе дојде во Европа. До крајот на годината ќе пристигне и првиот целосно електричен „Maybach“, најверојатно базиран на „SUV“ моделот „Mercedes EQS“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денариОд вечерва на полноќ повторно се намалуваат цените на бензините и дизелот.Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар. Еден литар еуросупер-95 ќе чини 82.00 денари, додека еден литар еуросупер-98 ќе чини 84.00 денари. Цената на дизелот се намалува за 3.50 денари за литар и еден литар еуродизел ќе чини 88.50 денари.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook