Фото: Познати личности од македонската естрада се збогуваат од Андреј од ДНК - Канал 5

Фото: Познати личности од македонската естрада се збогуваат од Андреј од ДНК

Повеќе познати личности од македонската естрада се збогуваат од еден од членовите на ДНК Андреј Ѓорѓиески.

Фото: Познати личности од македонската естрада се збогуваат од Андреј од ДНК

-Најмангуп беше од сите. Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те сфати! Секогаш ќе те паметам по твојата насмевска и блесава смисла за хумор. Патувај и пеј таму горе. Ќе фалиш бескрајно, објави на социјалните мрежи Тамара Тодевска.

-Братче, многу те сакам, многу ќе ми фалиш. Требаше да пиеме пивме оваа недела, објави шоуменот Миро Кацаров.

Андреј почивај во мир- објави водителката Марјана Станојковска

-Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир добро човече, баш на оваа песна ви пеев пратечки вокали. Пеј како што си знаеше ти најгласно, најубаво, таму горе. Не сакам да верувам, стои во објавата на пејачката Антонија Гиговска во чија позадина се слуша песната на ДНК, „Ако утре ме нема“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се сумираат штетите од невремето, само во Скопје речиси илјада пријави за полавени домови, надвозници, паднати дрва

Ден потоа, Скопје повторно профункционира во вообичаениот ритам – улиците каде вчера се создадоа реки и базени, повторно се суви и раздвижени, но точната цена на невремето засега останува непозната.

Се сумираат штетите од невремето, само во Скопје речиси илјада пријави за полавени домови, надвозници, паднати дрва

Ден потоа, Скопје повторно профункционира во вообичаениот ритам – улиците каде вчера се создадоа реки и базени, повторно се суви и раздвижени, но точната цена на невремето засега останува непозната, ЦУК примил во текот на вчерашниот ден примил над 1000 пријави, 900тини од нив биле само за Скопје за поплавени подруми, подвозници, паднати дрвја и останати штети од непогодата, која најсилно ги погоди Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Чаир...

Екипите на Град Скопје се на готовс и денеска, оти најави за невреме од метеоролозите пристигнаа и за вечерва. Градоначалникот на Скопје – Орце Ѓорѓиевски оцени дека Градот во вчерашната акција со над илјада работници од јавнините претпријатија експресно се справил со предизвикот, а кризниот штаб вели и натаму е во приправност, во случај непогодите од вчера да се повторат. Воедно вели, каде што е физички изводливо, ќе се отстранат инфраструктурните аномалии на критичните точки, но уверува и дека состојбата со запушените сливници и канали е веќе минато.

-Како никогаш досега брзо се справивме со временските непогоди. За 20 до 40 минути се справивме со неприликите. Нема простор за паника, градот е буден и имаат на кого да се потпрат, дежурните телефони се целосно во функција. Обрнуваме сериозно внимание, секаде каде што можеме да интервенираме, ќе интервенираме во наредниот период, до крајот на мојот мандат, некаде е возможно, некаде е невозможно, на крајот на денот и во најразвиените метрополи, огромна количина, 75л на м2 имате врнежи таму единствено треба водата да се повлече но и ние да делуваме со службите,- - Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје.

Непогодите го отежнаа и лекувањето на пациентите кои се во најтешка здравствена состојба – подземните нивоа на Клиниката за онкологија се поплавија, па водата се собирала со ќебиња и чаршави, а била прекината и терапијата за да се заштитат апаратите и да се избегне опасност од струја. Поплавениот оддел за радиотерапија сега повторно е во целосна функција, па нормализирано е и лекувањето. Подрумските простории и гаражите биле полавени и во МАНУ, а вода имало и во главниот хол и амфитеатарот.

А, додека скопјани мака мачеа да стигнат каде што тргнале, оти сообраќајот беше целосно парализиран, неколку граѓани го искористија моментот да се пошегуваат, па на подвозникот на булеварот „Србија“, некои пловеа со душек, а други скокаа во водата од мостот, но денеска „базенот“ веќе го нема...

Стенд ап: Вака изгледа денеска една од најкритичните точки во Скопје која беше вчера полна со вода, па поради тоа, оваа делница, до доцна во ноќта беше затворена за сообраќај од страна на полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром

Најавени кривични пријави, во полициска станица се разговорало и со деца и со родители.

МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром

Полицијата почна да го расчистува случајот со меѓуврсничко насилство што се случи пред два дена во парк во Аеродром, а беше сниман со мобилни телефони од страна на поголема група на деца, и девојчиња и момчиња. Дел од нив давајќи насоки како и кога да се мавне шлаканица, навивајќи и употребувајќи и навреди во сексуална конотација.

Надлежните велат дека известен е јавен обвинител, а се преземаат дејствија и за идентификација на сите присутни и утврдување на нивната годишната возраст, за да се знае дали има и такви кои не се малолетни, или се доволно возрасни за да одговараат пред закон.

Од МВР велат дека има и формална пријава за настанот од мајката на дванаесетгодишното девојче кое било понижувано, удирано со шлаканици, па и натерано да клекне на колена додека друга врсничка ја држи за косата.

-31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка. Истиот ден во полициска станица е извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители- МВР.

По низата на скандалозни случаи на врсничко насилство со девојчиња кои ја згрозија јавноста, правната фела алармира дека системот мора да одговори на предизвикот и во фокусот наместо детето да го стави родителот.

Ставот на адвокатот Владимир Туфегџиќ е дека треба да има регистар на родители на евидентирани насилници и тие да се фотографирани исто како и лицата лишени од слобода. Туфегчиќ за Канал 5 објаснува дека дел од целосното решение може да бидат измени во законот што би вклучувале санкции за родителот ако не го почитува наложеното – на пример неколку пати неделно да биде повикуван во Центар за социјална работа.

Правната фела со години алармира за недостатокот на соодветно обучен кадар во социјалните служби, особено оние во внатрешноста бидејќи се смета дека нивното постапување е клучно во случаите на насилства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни....

Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, урбани паркови, плоштади.

Николоски: Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни....

Инвестициите во Неготино само во делот на улици и плоштади, комунални проекти, паркови, изнесуваат над 4 милиони евра, што креираат нови слика за Неготино. Поддршката на Владата за Неготино и за другите општини е огромна и континуирна, порача денеска од Неготино, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Марија Нацева, извршија увид во изградба на инфраструктурни проекти во Неготино што се реализираат со поддршка на Владата.

Притоа се изврши увид во реконструкција на ул. „29-ти Ноември“, проект кој се реалиизра преку Министерството за транспорт, во вредност од 28.7 милиони денари. Исто така извршија увид и во изградбата на кружен тек, инвестиција од 9, 8 милони денари.

“Во моментов, само преку програми кои што се од Владата, преку Министерството за транспорт, се инвестираат некаде околу 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, понатaму паркови, кружен тек, плоштад. Така што, бројни се проектите коишто се работат или ќе се работат во Неготино. И ќе продолжиме во следниот период да ја поддржуваме општината, да ја поддржуваме градоначалничката, а со новите можности кои што се отвораат, исто така, ќе разговараме и за нови проекти. Навистина е задоволство да се биде денес во Неготино, да се види колку многу проекти или се завршуваат, или се работат, или ќе почнат да се работат. Мило ми е што со една нова енергија, која што градоначалничката ја внесе, се забрзуваат голем број проекти со поддршката со Советот, со поддршката, исто така, од пратеникот, со поддршката од Владата и лично од премиерот Мицкоски. Овде имаме навистина една комплетно нова слика за општина Неготино. Мислам дека тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство”-изјави Николоски.

Дополнително во општина Неготино преку двата повици на Владата за инфраструктурни проекти, се реализраат 12 проекти за подобрување на урбаното живеење и локалната економија.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер