Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога
СДСМ: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија
1Манасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрога
2СДСМ: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија
3Општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица
Шоу бизФото: Поранешните сопрузи на Северина на заедничка вечера во ЗагребКојиќ и Поповиќ фатени заедно во Загреб на вечера.Северина деновиве објавува видеа и фотографии од Малдивите каде го прослави роденденот на синот Александар, а нејзините поранешни партнери Игор Којиќ и Милан Поповиќ се сретнаа на вечера во еден загребски ресторан. Читател на Индекс ги снимал Игор Којиќ и Милан Поповиќ во познат ресторан во Загреб. Завчера таму вечерале и разговарале заедно, а според читателот потоа им се придружила и една жена со црна коса. Да потсетиме, Којиќ и Поповиќ се помирија минатото лето и оттогаш интензивно се дружат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЗабаваОвој викенд- бесплатно кино на отворено во ДрачевоОпштина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, овој викенд организира бесплатни филмски проекции на отворено во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево.На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски: На 08.08.2026 (сабота), од 20 часот, ќе се прикажува филмот „Бал-Кан-Кан“. Публиката ќе има можност да ја погледне оваа комедија со актерските остварувања на Раде Шербеџија, Ерол Кадиќ и Салаетин Билал. На 09.08.2026 (недела), од 20 часот, на репертоарот е „Трето полувреме“, филм инспириран од вистински настани, со улогите на Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел и Раде Шербеџија. Влезот за двете проекции е слободен. Ги покануваме сите љубители на филмот да ни се придружат со своите семејства и пријатели на оваа викенд-дружба посветена на македонската кинематографија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Скандал: „Децата“ на Филипче од Ново Село, кои ги хушкаше за правење инциденти, се осудени насилници и трговци со дрогаВчера Венко Филипче со панична прес-конференција од Ново Село сакаше да го сврти вниманието и да ги прикаже за жртви оние кои тој ги нарече деца. Всушност, вистината е сосема поинаква.„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик. Одиме со ред. Еве кои се „децата на Македонија“ според Филипче, со кои тој вчера се сликаше. Ве поканувам заеднички да го проследиме видеото. Почитувани, Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, на кого му е поднесена кривична пријава врз основа на која е и осуден на година и пол условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица, ова е кривична пријава од 2024 година за којашто тој и Илија Стојанов се условно осудени на година и пол условна казна затвор. Илија Стојанов, пак, освен што учествувал во тепањето на плоштадот заедно со внукот на Вице Заев, условно е и осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, а тоа е "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога. Одиме понатаму, човекот до Филипче, организациониот секретар на СДС, Зоран Трифуновски, е лице кое, според јавно достапните информации, се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки, а токму Филипче го постави на висока партиска позиција. Инаку, тој бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а претходно, во 2023 година, СДС го назначи за директор на МЖ Инфраструктура. Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа. Почитувани граѓани, Вакви ликови како Трифуновски, или пак Ефтимов и Стојанов, на кои местото не им е во политиката, во името на СДС морализираат пред македонската јавност. Ова ли се децата на Македонија според Филипче? Не, токму ова е талогот на општеството. Ова е срамот на Македонија. СДС, Филипче и неговите луѓе се срам за Македонија. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела МакедонијаЦел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија со здравствени последици од загадена вода.Над 50 населени места во Македонија се отруени со загадена вода. Народот со своето здравје ја плаќа цената. И никој од власта не одговара! Како е ова можно? Четири недели Мицкоски и Клековски си играат со здравјето на жителите на Гостивар. И четири недели граѓаните на Гостивар немаат пристап до чиста вода. Сега ќе се чека до 20 август за да се соопштат резултатите од анализите на водата за пиење во Гостивар. До тогаш граѓаните се оставени сами на себе, во неизвесност и страв за сопственото здравје. Во грч да не се појават нови болести, нови последици по нивното здравје. Тврдеа дека водата е „технички исправна“, и тоа само затоа што Мицкоски рекол дека е исправна. Не анализите, туку Мицкоски. Никогаш не беше објавен извештај, анализа на водата и потпис кој одобрил „техничка вода“ Министерот за полиција - Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и им порача на граѓаните да ја пуштат водата да истече од чешмите. Директорот Стојанче Ангелов потврди дека има опасна бактерија во водата. И додека народот страда, тендер-патриотите профитираат со бизнис зделки од 100.000 евра за вода во Гостивар. Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните. Ова веќе не е само криза, ова е здравствена катастрофа. Тотален хаос и распад на институциите. И одговорност мора да има! Доста молчи Јавното обвинителство. Мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат! Ова неодговорност и свесно загрозување на здравјето на граѓаните. Ова е свесно труење на народот! Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04