Фото: Популарна актерка го покажа лицето без шминка - Канал 5

Фото: Популарна актерка го покажа лицето без шминка

Убавата актерка Дру Баримор го прослави својот 50-ти роденден и во таа прилика испрати силна порака.

Фото: Популарна актерка го покажа лицето без шминка

Русокосата убавица исто така покажа дека е вистинска и искрена за што собра многу комплименти.

Актерката Дру Баримор веќе неколку години негува сосема природен изглед, како и многу нејзини колешки, почнувајќи од Шерон Стоун и Памела Андерсон, кои гордо ги покажуваат своите лица без филтри, козметички процедури и други помагала во желбата да останат засекогаш млади.

Ѕвездата на филмовите „Чарлиеви ангели“ сега воодушеви со фотка на социјалните мрежи.

На фотографијата, Дру Баримор позира во својот дом, без шминка и со природна коса, а она што дополнително ја краси сликата е нејзината искрена насмевка.

Сепак, она што е позначајно од фотографијата е моќната порака што ја испрати, во која размислува за стареењето и животот.

„50 = Б-страна на животот - каде што започнува вистинската магија!“ напиша Дру алудирајќи на плочите од А и Б-страна кои беа резервирани за песни што не беа комерцијални хитови, туку посмели и лични... Нејзината шега ги воодушеви постарите следбеници кои добро знаеја што мисли под „Б-страна на животот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Повторно ново ветување.

Повторно неисполнето.

Повторно водата не е чиста, ниту техничка.

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски.

Ништо повеќе.

Денес повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено.

Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше.

А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава.

Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие.

Мицкоски рече дека има бактерија.

Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.

Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие.

За ова мораат кривично да одговараат:

• Христијан Мицкоски

• министерот Клековски

• и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар.

Ова сѐ уште трае.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)

Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)

На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети.

За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан.

Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.

По целосно документирање на случајот, во текот на денешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер