Фото: Погребан Жак Ширак - Канал 5

Фото: Погребан Жак Ширак

Денеска е погребан поранешниот француски претседател Жак Ширак. На погребот на  екс претседателот на Франција кој почина во 86 година од животот присутни се околу 30 светски лидери, меѓу нив е и рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: Погребан Жак Ширак

Во црквата Сан Сулпис во Париз денеска ќе биде одржана меморијалната церемонија во чест на починатиот Ширак во присуство на многу домашни и странски претставници од политиката.

Ширак е погребан на гробиштата Монпарнс, покрај ќерката Лоранс која почина во 2016 година, пренесе Ројтерс.

Актуелниот франсуцки претседател денеска ќе приреди ручек за странските лидери во Елисејската палата.

Покрај Путин на погребот на Жак Ширак присуствуваа и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, првиот човек на Европската комисија Жан Клод Јункер,либанскиот премиер Саад ал Харири...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер