Фото: Пике ја заборави Шакира и со младата Клара прослави една година во врска! - Канал 5

Фото: Пике ја заборави Шакира и со младата Клара прослави една година во врска!

Шпанскиот фудбалски ас  Жерар Пике , кој помина 12 години со колумбиската пејачка Шакира, со која ги има синовите Саша и Милан, одамна престана да ја крие среќата со својата нова млада девојка. 

Фото: Пике ја заборави Шакира и со младата Клара прослави една година во врска!

Младата студентка и хостеса Клара Чиа Марти која е цели 12 години помлада од Пике го освои срцето натогашниот фудбалер на Барселона уште додека тој беше во вонбрачна заедница со мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира.

Медиумите дури шпекулираа дека убавата Колумбијка го фатила на дело својот сакан фудбалер. Но, тоа никогашне беше пот врдено ниту од 45 годишната Шакира ниту од десет години помладиот Пике.

Но сега шпанските медиуми веќе заборавија на проблемите на реалција Пике - Шакира и пренесуваат дека славниот фудбалер и неговата млада девојка Клара прославиле годишнина од врската.

Пике и неговата девојка организирале божиќна вечера за вработените во неговата компанија „Космос“, а таа уживала во дружењето со вработените и неочекуваната прослава на годишнината.

- Синоќа двапати славеа Жерар Пике и Клара Чиа. Пике имаше божиќна вечера со работниците на „Космос“, а со Клара прослави една година врска. Прекрасно си поминаа – изјавил фотографот кој ја фотографирал двојката.

-Влегоа двајцата прегрнати и стигнаа до местото каде што ги чекаа пријателите и вработените на новогодишната забава - додал фотографот. .

Како што пишуваат шпанските медиуми, сега станало јасно дека Пике ја изневерувал Шакира најмалку половина година пред официјално да раскинат, и дека Клара за разлика од Шакира одлично се снаоѓа во друштвото на пријетелите на Жерар.Нешто што на Шакира никогаш не и успеало, па таа секогаш одбивала да учествува на вакви прослави.

Според медиумите Шакира имала особено лоши односи со сопругите на другите фудбалери, пред се со Антонела Рокузо, сопругата на Лионел Меси, која зад грб го нарекувала Шеф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. 

СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

Нема крај на нивните лаги.

Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората.

Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски – предлози создадени за манипулација, а не за фер избори.

ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформите.

Прво ветија 1.јуни. Потоа јули. Сега намерно создаваат проблем за да имаат изговор зошто агендата повторно не е исполнета.

Тие не сакаат ЕУ.

Во Европската унија нема ослободување на криминалци како што сега се ослободуваат Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас. Во ЕУ тие би одговарале.

Во ЕУ, ВМРО-ОКГ не би можела да враќа имот стекнат со криминал.

Жртва не е опозицијата. Жртва е Македонија и нејзината европска иднина,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника на грчки остров: Ајкула „излезе“ на плажа пред шокираните туристи (ВИДЕО)

На плажата Кацадија на грчкиот остров Липси се појави паника кога мала ајкула се приближи на неколку метри од брегот, речиси до песокот.

Паника на грчки остров: Ајкула „излезе“ на плажа пред шокираните туристи (ВИДЕО)

Некои пливачи скокнаа од водата во паника, додека други туристи скокнаа од своите лежалки за да го снимат целиот настан на камера.

Видеото ја прикажува како плива во многу плитка вода, недалеку од луѓето на плажата.

YouTube video

Според проценките засновани на достапните видео снимки, кои ги објавува локалниот портал lerosnews.gr, најверојатно станува збор за вид од родот Mustelus, од семејството Triakidae.

Овие видови, познати во Грција како галео, се сметаат за безопасни за луѓето и не претставуваат опасност за пливачите. Иако никој не е рамнодушен кога ќе види каква било ајкула, овој вид ретко покажува агресивно однесување кон луѓето, а не е регистриран ниту еден потврден фатален напад на овој вид врз човек.

Дури и кога се наоѓаат во плитка вода, тие најчесто се дезориентирани или го следат пленот и не им се приближуваат намерно на луѓето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер - Новак Ѓоковиќ, моментално е во Њујорк, на „Fanatics Fest“ кој собра бројни светски ѕвезди од сите спортови, но и од други области.

Новак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)

Само пред неколку дена, Новак играше на Вимблдон, беше елиминиран во полуфиналето од Јаник Синер (3:0), и многу брзо успеа да се најде во Соединетите Американски Држави.

Прво, повод беше претпремиерата на неговиот одличен филм „Волкот во зима“, кој ќе се појави на платформите кон средината на август. Филмот ја раскажува приказната за неговото воспитување, па сè до освојувањето на 24-тата Гренд слем титула и сè што го класифицираше како најдобар тенисер на сите времиња, објави Телеграф.

Телеграф е во Њујорк, па ја искористи можноста да оди на предавањето на Новак Ѓоковиќ, на кое Србинот зборуваше за бројни теми. Многумина беа воодушевени и од моментот кога водителот го замоли да завива како волк, со асоцијацијата со името на неговиот документарен филм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер