Фото: Пејачка гореше од желба да ги покаже гаќичките: И не само тоа... - Канал 5

Фото: Пејачка гореше од желба да ги покаже гаќичките: И не само тоа...

Пејачката Адисон Реј присуствуваше на годинешното доделување на Греми наградите во Лос Анџелес и се погрижи да остави впечаток..,, и тоа каков!

Фото: Пејачка гореше од желба да ги покаже гаќичките: И не само тоа...

Таа го зачини својот настап на овој престижен настан со потег што малкумина го очекуваа на црвениот тепих...

Годинешните Греми награди беа обележани и со очекувани и неочекувани модни изданија, а Адисон Реј се погрижи да биде во центарот на вниманието, барем засега...

Таа се појави во впечатлив бел фустан со длабоко деколте кое се спушташе до папокот и откриваше добар дел од голата кожа, и се чинеше дека сè е во ред и добро на црвениот тепих - сè додека Адисон не се сврте.

Фустанот е екстремно асиметричен и „наопаку“; предниот дел од фустанот е долг, додека задниот дел е речиси несоодветно прекраток, па во секој момент камерата може да улови нешто „интересно“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“

Министерството за правда со жалење констатира дека Дејанчо Цветановски од ЛДП пласира невистинити и тенденциозни тврдења во врска со работата на Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик.

МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“

Особено е нејасно како Цветановски зборува за процес што наводно се водел „зад затворени врати“, кога токму тој како претставник на ЛДП активно учествува во работата на групата, присуствува на состаноците и има можност директно да ги изнесе своите ставови и предлози.

Работната група функционира транспарентно, со учество на претставници на парламентарните политички партии и независни пратеници. Секој предлог и од институциите и граѓанскиот сектор е разгледуван и дискутиран, а процесот се води исклучиво во насока на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Оттука, обидите за создавање перцепција дека процесот е нетранспарентен претставуваат политички спин кој не соодветствува со фактите. Факт е дека Цветановски беше дел од дискусиите, ги слушна сите аргументи и имаше еднаква можност како и останатите учесници да придонесе во процесот.

Министерството за правда останува посветено на инклузивен, отворен и демократски процес и ги повикува сите учесници наместо политички квалификации да придонесуваат со конструктивни предлози во интерес на граѓаните и на изборниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење Пулс: Објекти во Кочани воопшто не биле во плановите на ДЗС за надзор, тврди обвинителството

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, обвинителството преку докази укажува дека голем број објекти во Кочани воопшто не биле во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Судење Пулс: Објекти во Кочани воопшто не биле во плановите на ДЗС за надзор, тврди обвинителството

– Доказите се за 2016 година и се планови за надзор на објекти ризични за пожар, на подрачјето на целата држава. Во нив се утврдени критериуми за проценка за ризик од пожар и други безбедносни ризици. За општина Кочани не е ниту предвиден, ниту е спроведен надзор, не е назначен ниту инспектор како би извршил редовен или вонреден надзор, посочи обвинителството.

Во 2015 година, според обвинителството, имало само еден надзор во Кочани во продажен објект, а ризичните не биле поминати.

Ваквите наоди ги негираше поранешниот директор на ДЗС Шабан Салиу кој тврдеше дека на презентираните документи не е неговиот потпис.

Судскиот процес во кој обвинети се 35 лица, се уште е во фаза на изнесување на материјални докази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

Ослободителна пресуда за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, во која загина младата Фросина.

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

Согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола. Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на Кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел. – велат од Кривичен и додаваат дека во конкретниот случај, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер