3Спасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институции
ЗабаваФото: Памела Андерсон на насловна страница без шминка-Тоа го правам за сите девојкиПамела Андерсон на насловна страница без шминка, го продолжува патот што го избра: Тоа го правам за сите девојки.Поранешната холивудска секс бомба и зајачица на Плејбој, ѕвездата на „Чувари на плажа“ Памела Андерсон се појави на насловна страница без шминка: Тоа го правам за сите девојки. 56 годишната актерка Памела Андерсон позната по својот изглед во црвениот костим за капење во хит сериите „Чувари на плажа“ продолжува да се појавува во јавноста без шминка. Овој пат актерката и модел позираше за модниот магазин „CR Fashion Book“. Поранешната секс бомба во таа прилика зборува за тоа како ја прифаќа природната убавина и се чувствува удобно во сопствената кожа. Нејзината храбра одлука да оди секаде без шминка, вели таа, била повик за автентичност и природност во дигиталната ера. Се започна кога Памела минатиот септември се појави на модна ревија на модната недела во Париз без шминка. Таа за „CR Fashion Book“ изјави дека за време на настанот „се чувствувала слободна“ и дека тоа го направила „за сите девојки“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеката Лепенец покриена со необична пена на влевот во ВардарСо бела пена е прекриена реката Лепенец при влевот во реката Вардар во Скопје.Пената се влева директно во Вардар. Известени се од Град Скопје, најавено е дека инспектори веднаш ќе додат на терен да видат која е причината за пената во лепенец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУкраина изврши напад врз „Вајлдберис“ во Санкт Петербург и симферопол на КримПродолжува конфликтот меѓу Москва и Киев.Украински дронови извршија напади врз магацини на таканаречениот руски Амазон во Санкт Петербург и Ленинградската област. Компанијата„Вајлдберис“ ги потврди нападите врз нивните објекти и соопштија дека привремено ја прекинале работата во своите логистички центри во Санкт Петербург, како и центарот за сортирање во Симферопол. Дронови се обиделе да го нападнат и магацинот на компанијата во Казан, но според локалните жители, системите за противвоздушна одбрана успеале да ги соборат додека се приближуваа. WTF 😳 St. Petersburg 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/EMDGGga4cT — @BrennpunktUA 🇩🇪🇺🇦 (@BrennpunktUA) July 24, 2026 Во текот на изминатата недела, украинските дронови извршија напади врз приближно 10 отсто од целата инфраструктура на „Вајлдберис“ оваа компанија се смета за руски еквивалент на Амазон, а причинетата штета надминува 2 милијарди долари.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаСпасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институцииРеформите во јавната администрација продолжуваат со мерки што обезбедуваат професионално управување и континуиран развој на административните капацитети.Со донесувањето на Законот за високи раководители, за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции во државната администрација. Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет. Законот опфаќа државни секретари, директори и заменици директори во институциите каде што е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите. Дополнително, ограничувањето на вршителите на должност на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори, придонесуваат за поголема одговорност, стабилност, поефикасно користење на јавните средства. Во изминатиот период е воспоставена и Академија за јавна администрација, која ќе биде носител на обуките и професионалниот развој на административните службеници, а со модернизација на Центарот за обука, реализирани се обуки за повеќе од 1.000 службеници и воспоставен е современ електронски систем за учење. Истовремено, се унапредуваат Информациониот систем за управување со човечки ресурси, инспекцискиот систем, процесите за управување со квалитет, како и транспарентноста и учеството на јавноста преку Партнерството за отворена власт. Паралелно се унапредени и процесот на проценка на влијанието на регулативата преку поголема транспарентност, јавни консултации и подобро планирање на законските решенија. Почитувани, Овие резултати се доказ дека реформите не се декларативни, туку носат конкретни промени кои создаваат поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и се поставуваат темели за администрација во која континуираното учење и усовршување ќе бидат составен дел од кариерата. Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook