Една од нив е и Норма Вилијамс, која вели дека стареењето е само состојба на ум. Таа има 70 години но тоа на нејзиното лице и тело не се гледа, затоа што Норма изгледа како девојче.
Норма не само што изгледа младолико туку така и се однесува. Еден ден одлучила да го напушти дождливиот Лондон и својот живот да го продолжи во сончевата Италија. Таа вели дека сега се чувствува многу подобро и дека понекогаш мисли дека има 20 наместо 70 години.
Но како Норма успева да им пркоси на годините?
Таа вели дека целиот свој живот јадела здраво и вежбала.
Со тренинзите почнала од сојата 20та година и од тогаш се труди секојдневно да пешачи и да има умерена исхрана.
Нејзиниот појадок е сочинет од две капучина и малку леб, банана или некое друго сезонско овошје.
За вечера Норми јаде зеленчук со протеини: морков,брокула, грав, печурки со соја сос, маслиново масло, семки, јаткасти плодови.
Нејзино омилено јадење е шпагети со маслиново масло кое го додава во сите оброци.
Помеѓу оброците таа често јаде темно чоколадо и мед и ореви.