Фото: „Островот на Мусолини“ – само за гејови - Канал 5

Фото: „Островот на Мусолини“ – само за гејови

Пред 75 години, во тогашната фашистичка Италија, група геј мажи била наречена „дегенерици“, исфрлена од нивните домови и испратена на еден остров каде требало да живеат како заробеници, но некои од нив токму таму си ја пронашле вистинската слобода.

Архипелагот Тремити е група карпести острови во Јадранското Море каде Бенито Мусолини во триесеттите години од минатиот век ги испраќал хомосексуалците сакајќи таквите луѓе да ги искорени од Италија зашто сметал дека го уриваат имиџот на земјата, објави BBC.

Првата група, од околу 45 луѓе, кои јавно ја изразувале својата сексуална определба била испратена на островите во 1938 година. Набргу јавноста во Италија ги заборавила и почнала да верува оти тие повеќе не се меѓу живите. Но, во книгата „Островот и градот“ на истражувачите Џанфранко Горети и Томасо Џартоси се зборува за десетици мажи кои живеела во ужасните услови на островот на кој доаѓале врзани во синџири бес основни услови за живот. Домородците ги нарекувале „девојчиња“ .

Последните години, островите ги посетуваат активисти за правата на хомосексуалците и луѓе со таква сексуална определба. Одржуваат церемонии во знак на сеќавање и почит кон луѓето за кои се врзува страшната историја на островите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи Нетанјаху: Израел потврди ликвидирање на висок функционер на Хамас

Израелската војска (ИДФ) и безбедносната служба Шин Бет го убија Наим Абу Нахел, шефот на внатрешната безбедносна служба на Хамас во Појасот Газа, потврдија во вторник израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац.

Се огласи Нетанјаху: Израел потврди ликвидирање на висок функционер на Хамас

Убиството на Нахел се случува три месеци откако израелските сили го заробија неговиот претходник во операција што Нетанјаху и Кац ја опишаа како смел потег.

Двајцата ги пофалија безбедносните сили на Израел за спроведувањето на офанзивната политика на владата против терористичките организации.

„Ја пофалуваме израелската војска и Шин Бет за спроведувањето на офанзивната политика на нашата влада“, рекоа Нетанјаху и Кац.

„Ниеден терорист нема да избега од долгата рака на Државата Израел“, додадоа тие.

Израелската армија и Шин Бет ги напаѓаат високите команданти на Хамас во Газа

Минатата недела, израелската армија и Шин Бет објавија дека во воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа е убиен Самир Махмуд Хасан Абу Јунис, командант на бригадата Рафа на Хамас.

Тој беше на функцијата само два месеци, откако неговиот претходник, Наел Абу Убаид, беше убиен во септември.

Три дена претходно, израелската армија и Шин Бет извршија напад врз Халед Сулејман Абу Анза, ​​командант на бригадата Кан Јунис на Хамас, во комплексот на болницата Насер во Кан Јунис.

Според разузнавачките информации што доведоа до нападот, Хамас го користел болничкиот комплекс како штаб за планирање и извршување терористички напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бизнис од 41 милијарда долари: Француски фармацевтски гигант презема американски производител на лекови

Француската фармацевтска компанија „Санофи“соопшти дека постигнала договор за купување на американската биотехнолошка компанија „Инсмед“ за 41 милијарда долари.

Бизнис од 41 милијарда долари: Француски фармацевтски гигант презема американски производител на лекови

Француската фармацевтска компанија „Санофи“соопшти дека постигнала договор за купување на американската биотехнолошка компанија „Инсмед“ за 41 милијарда долари, што е нејзино најголемо аквизиција во последните две децении и клучен дел од нејзината стратегија за наоѓање нови извори на раст.

„Санофи“ понуди 175 долари по акција за „Инсмед“, премија од околу 17,5 проценти во однос на последната цена на затворање на берзата на компанијата пред објавувањето на понудата, објави „Ројтерс“.

Француската компанија планира да ја финансира трансакцијата со комбинација од долг и готовина.

„Инсмед“ е специјализирана за лекови за лекување на респираторни заболувања, проширувајќи го присуството на „Санофи“ во нови терапии.

Аквизицијата е голем потег на новиот извршен директор на „Санофи“, Белен Гарихо, која ја презеде функцијата во мај и е задолжена да ја зајакне нејзината програма за развој на лекови и да го запре падот на цената на акциите на компанијата.

Откако ја презеде функцијата во „Санофи“, „Гарихо“ започна стратешки преглед на бизнисот, го промени составот на извршниот одбор и ја прошири соработката со американската компанија „Реџенерон“, вклучително и договор за решавање на претходни судски спорови.

Аквизицијата на Инсмед претставува најголем чекор досега во нејзините напори да го промени правецот на француската фармацевтска група.

Инвеститорите реагираа позитивно на објавата за аквизицијата, а акциите на Санофи денес пораснаа за околу шест проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тоти низ солзи си ја отвори душата- сопругата го оставила, Рома го издала, татко му починал (ВИДЕО)

Легендарниот Франческо Тоти се претстави во верзија каква што публиката никогаш порано немала можност да ја види, низ разговор исполнет со иронија и длабоки емоции, искрени солзи и смеа, откри бројни непознати детали за себе.

Тоти низ солзи си ја отвори душата- сопругата го оставила, Рома го издала, татко му починал (ВИДЕО)

Во емисијата „Белве“, која се емитува вечерва, 24 ноември, на каналот Раи 2, Франческа Фанџани разговара со легендата на Рома за различни периоди од неговиот приватен и професионален живот.

Тоти зборуваше за болниот крај на неговата врска со Илари Бласи, неговата нова љубов со Ноеми Боки и можните идни одлуки со неа, неговото семејство, неговиот комплициран однос со неговите деца, емотивните спомени од неговиот татко, разочарувањата и неговото збогување со фудбалот.

- Кога ќе се осврнете денес, дали мислите дека некој ја искористил вашата позиција кога бевте на врвот на вашата кариера? - го праша водителот.

- Луѓе од кои никогаш не би го очекувале тоа, членови на семејството, пријатели, роднини... Многумина ме искористија. Со текот на времето, патиштата се разделуваат и сфаќате што навистина се случило. Да можев да го вратам времето, не би ги повторувал истите работи - откри Тоти.

Емотивен за својот татко и неговиот однос со децата

Тоти се сети на својот татко на особено емотивен начин, признавајќи дека никогаш не му кажал колку го сака.

- Никогаш не му кажав: Те сакам - рече тој со солзи во очите.

- Што ти недостига најмногу? - го праша Фанџани.

- Прегратка. Постојат работи што не ги правиш, а кога ќе ги изгубиш луѓето кои се центар на сè, се чувствуваш изгубено и осамено. Без него, сè е поинаку. Денес си велам дека бев глупав што не го направив тоа. За жал, ја правам истата грешка со моите деца. Знам дека грешам - искрено рече легендарниот фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер