Фото: Олимпијка одлично заработува од своето згодно тело - Канал 5

Фото: Олимпијка одлично заработува од своето згодно тело

За учесничките на Зимските олимпијади,  како што е канадско-романската спортистка Александра Јанкулеску, отворањето сметка на OnlyFans беше одлука што и го промени животот.

Фото: Олимпијка одлично заработува од своето згодно тело

Таа платформа ѝ овозможи, вели таа, да ги отфрли исцрпувачките будења во 5 часот наутро за тренинг, трите работни места со скратено работно време и тројните порции каша за да остане енергична.

Сега, Александра Јанкулеску им помага на другите спортисти да го следат нејзиниот пат и ќе биде коментатор за брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Во исто време, таа се подготвува да се приклучи на канадскиот велосипедски тим за Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес, но нејзината кариера започна на мразот.

Брзото лизгање е нејзина главна дисциплина, но нејзината мајка, романската шампионка, јасно го обележа нејзиниот пат. Родена е во Романија, но се преселила во Канада со своите родители во 2001 година.

„Се заљубив во спортот кога го освоив мојот прв златен медал на 11-годишна возраст. Скијав и играв тенис, но лизгањето со текот на времето стануваше сè подобро. Моите родители немаа пари, а лизгањето беше најевтино, па затоа продолжив да го правам тоа“, атрактивната Алекс за англискиот „Сан“.

Јанкулеску ја претставуваше Романија на Олимписките игри во 2018 година на трката на 500 метри, но финансиските награди во овој спорт се скромни.

„Морав да работам три работи. Работев во суши ресторан во трговски центар четири дена во неделата и во ресторан за време на викендите. Понекогаш ги прескокнував тренинзите или ги правев еден по друг. Имам импресивно CV на LinkedIn, но немав избор.“

Ситуацијата се промени кога таа се пресели од Канада во Холандија во 2020 година за време на пандемијата. Таа не зборуваше холандски и тешко наоѓаше работа, додека парите од продажба ѝ снемуваа. Еден пријател ѝ го предложи OnlyFans - платформа каде што креаторите можат да заработат пари, или со прикажување на животот на спортист или со содржина за возрасни.

Денес, Романката е меѓу 0,06% од најуспешните креатори на OnlyFans. Нејзините голи фотографии може да се најдат за 20 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Седницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас!

На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември.

– На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој.

Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз.

– Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ.

Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности.

- Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

Предводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. 

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

„Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време.

Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот.

– Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“

Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.

Техеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната.

Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“.

„Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“.

Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната.

Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер