Манасиевски: СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев
1Манасиевски: СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев
3Ќе протестираат судиите-поротници при Основниот кривичен суд скопје,нема да учествуаат на дел од судските расправи
Кучињата трагачи од целиот свет играат клучна улога во потрагата по преживеани во Венецуела, едно од нив успеа да спаси 25 луѓе.
2Кучињата трагачи од целиот свет играат клучна улога во потрагата по преживеани во Венецуела, едно од нив успеа да спаси 25 луѓе.
Други спортовиФото: Одржани трки од Шампионатот на Македонија во мотокрос На патеката „Порој“ крај Тетово денеска се одржа вториот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013. Во најмалата класа МХ85, Христиан Станковиќ (МК Мотостарс) убедливо победи во двете трки, додека втор беше Албан Елези (МК Вардар), а трет Илир Рамадани (МК Шари Мотокрос). Станковиќ го презема водството во генералниот пласман со вкупно 94 бодови. Во класата МХ2 во двете возења се водеше голема битка помеѓу клупските другари од МК ЛТД спортс, Никола Гулевски и Михаил Бајовски кој имаше одличен старт и долго водеше, но Гулевски го мина на три кругови и успеа да победи во првата трка. Во втората трка Бајовски возеше константно и на крајот победи што му беше доволно за конечен триумф. На третото место во двете трки заврши уште еден член на МК ЛТД Спортс, Денко Манчевски. Гулевски води во домашниот шампионат со вкупно 97 бодови. Во најсилната класа МХ1 очекувано уште една убедлива победа однесе Гоце Томовски (МК Гого) победувајќи и во заедничка конкуренција на класите МХ1 и МХ2 и остварувајќи го најбрзиот круг на целиот натпревар. Второто место го освои гостинот од Албанија, Петрит Ѓерѓи, а Симеон Николовски (МК Мотостарс) беше поуспешен во директниот дуел со Фазли Ислами (МК Шари мотокрос) и го освои последното место на подиумот. Томовски е неприкосновен во оваа конкуренција и досега освои максимални 100 бодови. Возбудлива трка се водеше и класата МХ3. Иако убедливо најдобар беше Борче Костов (МК ЛТД спортс) зад него видовме борба за сите позиции. Во првото возење поуспешен беше Амети, додека Адили не потклекна на постојаните напади од конкурентот во второто возење и на крајот заврши како втор. Костов го презема водството во генералниот пласман со 88 бодови. Екипно најуспешен беше клубот дебитант МК ЛТД спортс од Битола, пред организаторот МК Шари мотокрос и МК Мотостарс од Битола. Следниот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос е веќе следниот викенд, на 23 јуни на патеката во Смолево крај Битола. /MИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на АпасиевСтавовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица.Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат. Не е случајност што и СДС и Левица се противат на решението македонската дијаспора да добие полесен пристап до гласањето. Заедничката цел на политичката партија Левица и СДС им е да го спречат проширувањето на демократското право на нашите иселеници и да создадат нови пречки во изборниот процес. Се повеќе им станува јасно на граѓаните дека синхронизацијата на ставовите на Венко Заев и Апасиев, е однапред договорена политичка стратегија. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за донесување на Изборниот законик со широк политички консензус, за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Шоу бизТејлор Свифт нема да сними филм за својата свадбаСветската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт има објавено неколку документарни филмови за својата музика, но снимките од нејзината свадба со Тревис Келси нема да стигнат до големото платно.И покрај гласините дека професионални филмски екипи снимале низ Медисон Сквер Гарден и на нивната свадба, *People* објавува дека Тејлор нема планови да направи филм за нејзиниот голем ден. Тејлор Свифт и Тревис Келс се венчаа во петокот на церемонија одржана во Њујорк. „Облеките на невестата и младоженецот беа креирани од Christian Dior Haute Couture. Тие беа дизајнирани од Џонатан Андерсон - креативен директор на женската, машката и колекциите Haute Couture на Dior - во тесна соработка со двојката. Ова е првата висока модна венчаница што тој ја дизајнирал за позната личност. Нивните чевли беа изработени по нарачка од Лубутен, а Тејлор носеше накит од Картие“, се вели во соопштението. Тејлор Свифт и Тревис Келси немаа ниту деверици, ниту кумови во традиционална смисла. Наместо тоа, нејзиниот брат Остин Свифт беше кум на Тејлор, а Џејсон Келси беше кум на Тревис. Церемонијата ја водеше Адам Сендлер. Еден ден пред свадбата, претставникот на Тејлор Свифт изјави дека таа и нејзиниот партнер донирале 26 милиони долари на повеќе организации кои им се особено блиски.Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКучињата трагачи од целиот свет играат клучна улога во потрагата по преживеани во Венецуела, едно од нив успеа да спаси 25 луѓе.Специјално обучени кучиња играат клучна улога во спасувањето и пронаоѓањето на закопаните под урнатините по разорните земјотреси во Венецуела. Речиси 30.000 членови на службите за итни случаи и повеќе од 3.300 меѓународни спасувачи се тркаат со времето за да пронајдат преживеани по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни. Сепак, во овие бројки не е вклучен најспецијалниот трагач, тоа се десетици високо обучени кучиња-трагачи, распоредени како дел од тимови од повеќе од 20 земји, според France24. Овие кучиња, специјално обучени за откривање на мириси на луѓе, поминаа денови барајќи луѓе закопани под урнатините на речиси 200 згради што се урнаа по два силни, последователни земјотреси. „Нивната работа се базира на откривање на локациите на луѓето преку идентификување на температурата, мирисот на телото и јаглерод диоксидот што го издишуваат жртвите“, рече Александар Парада од американскиот спасувачки тим Флорида Работна група. Според него, кучињата работат што луѓето не можат да ја работат. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез, рече дека во операциите биле вклучени околу 137 кучиња за пребарување и спасување. Едно од таквите кучиња е куче од мешана раса по име Цунами, кое се пробило низ урнатините, барајќи жртви и кое, во текот на изминатите десет дена, помогнало да се пронајдат голем број луѓе закопани под урнатините, објавува CNN. „Нашиот четириножен спасител успеа да извлече 25 лица од урнатините на зградите уништени од земјотреси“, објави венецуелската влада во четврток. Друг член на овој меѓународен тим е белгискиот малиноа по име Барт од Аргентина, кој помогна во спасувањето на две деца од урнатините, како и во извлекувањето на шест тела на жртви. Според портпаролот на аргентинскиот претседател Хавиер Милај, Барт е дел од воена мисија испратена од владата на земјата за да помогне во напорите во Венецуела. Друго од кучињата што неуморно помагаат во спасувањето е женката лабрадор ретривер, Сису, која ги бара закопаните во урнатините со истата ревност и енергија со која трча по својата омилена играчка, портокалово-сина топка, објавува France24. Сису е член на американскиот спасувачки тим Флорида Работна група. Топос, куче од Меѓународната спасувачка бригада на Мексико, пронајде бел малтезер жив под урнатините и помогна во водењето на потрагата што доведе до пронаоѓање на шест тела. Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, им оддаде почит на кучињата во петокот доделувајќи им ја титулата „Венецуелски кучиња херои“ за време на церемонијата во Ла Гваира, крајбрежната држава најтешко погодена од земјотресите, објави Си-Ен-Ен.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07