Фото: Новогодишниот стајлинг на Меси - Канал 5

Фото: Новогодишниот стајлинг на Меси

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси во кругот на најтесното семејството, сопругата Антинела и синовите  ја дочека Новата 2023  година во родната Аргентина каде сеуште слави за освоената титула Светски шампион.

Фото: Новогодишниот стајлинг на Меси

Во јавноста посебно внимание привлече неговиот стајлинг на фотографиите кои ги објави.

Меси се појави во малку полежерно издание и интересни комбинации на бои, по што очекувано следеа многу хумористични коментари на неговата сметка.

Ја растури модата“, „Позајмувам облека за новогодишната ноќ. Каков пример за понизност и едноставност, чии слични ретко се гледаат“, „Шампионот се облекува како што сака. Дури и облека ви простуваме за џуџиња“, се само дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Владата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Влада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството.

Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати.

По усогласување на одлуката во рамки на владините процедури истата ќе биде доставена до Собранието на разгледување и донесување, согласно законските надлежности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Роџер Федерер во врска со синот на неговиот противник?

Сè почести се гласините дека синот на Лејтон Хјуит е во врска со една од ќерките-близначки на Роџер Федерер и дека Круз и Мила се заедно...

Ќерката на Роџер Федерер во врска со синот на неговиот противник?

Дали на повидок е нова тениска романса – меѓу синот на Лејтон Хјуит и ќерката на Роџер Федерер? За ова се зборува веќе некое време, особено по Вимблдон.

Таму, Круз Хјуит го загуби мечот во финалето на јуниорскиот турнир, а притоа помина многу време со Мила и Шарлин Федерер. Токму за ова пишуваше британскиот „Дејли мејл“, наведувајќи дека постојат информации оти Круз и Мила се во врска и дека поминале многу време заедно на Вимблдон.

Круз има 17 години (роден на 11 декември 2008 година), додека Мила Роуз и Шарлин Рива се близначки родени на 23 јули 2009 година. Според тоа, тој наскоро ќе стане полнолетен, додека тие две наскоро ќе го прослават својот 17-ти роденден.

Нивните семејства се блиски и тие се познаваат уште од детството. Беа заедно на турнирот „Австрија опен“, а британскиот портал исто така тврди дека Мила била присутна на финалето на Вимблдон, каде што Круз играше и загуби од квалификантот Џордан Ли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забележана најголемата бела ајкула - „Ѕверот“ од 770 килограми се врати од длабочините

По неколку месеци без никаков сигнал, најголемата голема бела ајкула некогаш забележана во Атлантскиот Океан повторно е видена, а експертите сметаат дека таа се упатува кон север во потрага по храна.

Забележана најголемата бела ајкула - „Ѕверот“ од 770 килограми се врати од длабочините

„Контендер“, најголемата голема бела ајкула некогаш регистрирана во Атлантскиот Океан, повторно е забележана по неколкумесечно отсуство од системите за сателитско следење.

Ајкулата, која е долга повеќе од четири метри и тешка околу 770 килограми, последен пат била регистрирана во април во близина на заливот Памлико Саунд во американската сојузна држава Северна Каролина, по што исчезнала од радарите бидејќи нурнала на големи длабочини.

Истражувачкиот тим на OCEARCH, кој ги следи движењата на големите бели ајкули, минатата среда изјави дека тракерот повторно испратил сигнал.

Сепак, станува збор за слаб сателитски сигнал, познат како „Z-пинг“, што значи дека перката на ајкулата не била над површината на водата доволно долго за уредот да испрати прецизни податоци за нејзината локација. Поради ова, истражувачите во моментов не можат со сигурност да утврдат каде се наоѓа ајкулата.

Врз основа на претходните истражувања и шемите на миграција на големите бели ајкули, експертите веруваат дека „Контендер“ (Contender) би можела да се упати кон Кејп Код во американската сојузна држава Масачусетс или кон бреговите на атлантскиот дел на Канада.

Според организацијата OCEARCH, големите бели ајкули во западниот дел на Северниот Атлантик редовно мигрираат кон север во потрага по храна во текот на летото и раната есен. „Кејп Код и атлантскиот дел на Канада нудат соодветни температури на морето и изобилство од плен, првенствено фоки и големи видови риби“, соопштија од OCEARCH.

Изминати повеќе од 11.000 километри Ајкулата „Контендер“ беше означена со сателитски уред во јануари 2025 година во Северниот Атлантик, недалеку од бреговите на американските сојузни држави Џорџија и Флорида.

Оттогаш, според истражувачите, таа има изминато повеќе од 7.000 милји (околу 11.300 километри) долж источниот брег на Северна Америка, што ја прави една од најследените големи бели ајкули во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер