3Жерновски: Дали Скопје станува станица за трансфер на црни пари на Вучиќ до Москва преку Алта банка?
АвтомобилизамФото: Новиот „Renault Espace“ е „SUV“ 4,7 метриИзгледа како продолжена верзија на моделот „Austral“.Шестата генерација на моделот „Espace“ е веќе најавена а судејќи според новите информации, некои може да бидат разочарани. Пред сè, се мисли на љубителите на миниван. „ Renault“ ќе ја претстави шестата генерација на моделот „Espace“ на крајот на месецот, поточно на 28 март. Тоа ќе биде класичен „SUV“/кросовер, многу близок до идејата за продолжен „Austral“ со седум седишта. Треба да очекуваме врска слична на онаа помеѓу моделите „Qashqai“ и „X-Trail“ на „Nissan“, каде што „Espace“ ја игра улогата на поголемиот од двата теренци. Сето ова го знаеме благодарение на наводно случајно „протекување“ на информации. На веб-страницата на „Renault“ сосема „случајно“ се појави материјал во „pdf“ формат кој ги открива атрибутите на моделот „Espacee“. И скиците и мерењата потврдуваат дека „Espace“ навистина стана „SUV“ и со тоа се откажа од своето наследство. Имено, кога беше претставен во 1984 година, тој беше првиот европски миниван. Добрата вест е дека „Espace“ останува со седум седишта. Но, со малку помала харизма бидејќи овие скици од официјалните брошури, објавени на форумот „Worldscoop“, силно сугерираат дизајн сличен на моделот „Austral“. Она што се разликува е секако поголемото меѓуоскино растојание (2.740 mm) и вкупната должина од 4.720 mm. Визуелно, најголемата разлика е во задниот дел со изменети светла. Веќе е познато дека ќе се нуди во две конфигурации, со пет и седум седишта. Ќе има и голем стаклен покрив. За се друго треба да се почека до крајот на месецот за премиерата. Доколку во меѓувреме не изненади уште едно „протекување“ на информации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општинитеИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Мицкоски од посетата на Општина Гази Баба.„Добар ден и од мене. Јас сум исклучително задоволен што можам да присуствувам на почеток на уште еден проект којшто е финансиран од онаа програма којашто ја имавме од Владата за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Важно е што со овој проект речиси ова населено место ќе добие канализација онака како што треба да има во 21 век и јас сум навистина среќен што можам ваков тип на проекти коишто додаваат квалитет во животот на луѓето да ги отпочнуваме заедно со градоначалниците и заедно да ги пуштаме во употреба со граѓаните. Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја врши овде во Општина Гази Баба, да се заблагодарам на поддршката на советниците кои ја поддржуваат неговата работа, се разбира и на вработените во општината коишто ја подготвуваат оваа документација којашто е неопходна за изработка на ваков тип на проекти. Да се заблагодарам на пратениците од Македонското собрание коишто се борат за проект повеќе за Општина Гази Баба. Добро е што веќе размислуваат градоначалниците и проектираат нови проекти за следниот повик кога ќе биде отприлика некаде втората половина од следната година, за да можеме и од тој повик постепено да реализираме проекти. Така што јас уште еднаш сакам од овде да ги поздравам реализирањето на вакви проекти и да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме, бидејќи суштината е таа, на една влада и на една локална самоуправа да испорача во рамките на можностите, некогаш и повеќе, како што тоа и ние го правиме од можностите коишто ги имаме да реализираме за граѓаните. Уште еднаш благодарам и благодарност до медиумите што нè следите во сите овие иницијативи.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЧистка во Пекинг: Исклучени 33 члена од Комунистичката партија На Петтиот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, 33 члена беа исклучени од партијата, откако истрагите покажаа дека тие извршиле сериозни прекршувања на дисциплината и законот.На состанокот, кој се одржува секоја година, присуствуваа 279 полноправни членови, а со него претседаваше кинескиот претседател Си Џинпинг. Тој поднесе извештај за работата на Партијата и за прашања поврзани со подобрување на партиското управување, пренесува „China Radio International“. Меѓу исклучените се поранешниот генерал Џанг Јусија и поранешниот секретар на Партијата во Ксинџијанг, Ма Сингруи, двајцата претходно беа обвинети за корупција. Исто така, се наведува дека Пленумот ја повикал Комунистичката партија уште поцврсто да се обедини околу Централниот комитет – на чие чело е Си Џинпинг – да се посвети на доброто управување и зајакнувањето на државата, како и да го унапреди сеопфатното и строго партиско управување. Извор: Б92Тагови: Кина Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖерновски: Дали Скопје станува станица за трансфер на црни пари на Вучиќ до Москва преку Алта банка?„Не зборува за криминалот, за криминалните пари и за тоа кој овозможи Алта банка да влезе и кои сега овозможуваат пари да се трансферираат од Белград до Скопје и преку Скопје до Москва“, рече Жерновски.Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција побара итни одговори од премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и Обвинителството за информациите за трансфери на пари преку Алта банка од Србија во Македонија. Тој го отвори прашањето дали Скопје станува станица за натамошен трансфер на пари кон Москва. „Не зборува за криминалот, за криминалните пари и за тоа кој овозможи Алта банка да влезе и кои сега овозможуваат пари да се трансферираат од Белград до Скопје и преку Скопје до Москва“, рече Жерновски. Тој посочи дека, според информациите на кои се повикува СДСМ, станува збор за трансфери од над 50 милиони евра, за кои премиерот и гувернерот треба да дадат одговори пред јавноста. „Верувале или не, според последните информации коишто доаѓаат од соседна Србија, од централата на Алта банка во Белград се префрлаат фрапантни над 50 милиони евра во Алта банка Македонија“, истакна Жерновски. Според него, Мицкоски и Славески се најповикани да објаснат што се случува, поради нивната улога во влезот на банката во државата. „Да не заборавиме дека влезот на Алта банка во Македонија е со знаење, со одобрување и со одлука токму на Мицкоски и на Трајко Славески и затоа тие се најповикани да одговорат што се случува денеска, бидејќи одговорот на тоа прашање го очекуваат не само нашите граѓани, туку го очекуваат сите и во регионот. Но тука упорно се молчи“, нагласи тој. Жерновски соопшти и дека до СДСМ пристигнале информации од свиркачи за притисоци врз институции, вработени и компании што добиваат тендери да работат преку Алта банка. „Во меѓувреме, ова е крајно сериозен податок: преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка“, рече Жерновски. Тој предупреди на сериозноста на овие наводи и побара институциите да престанат да молчат. „Гледаме молк, што е исто така многу страшно, и од гувернерот Трајко Славески. Гледаме молк и од обвинителството и затоа денешната прес-конференција е крајно сериозна“, посочи Жерновски. На крајот, тој порача дека избегнувањето одговори нема да ги затвори отворените прашања. „Стратегијата на Мицкоски е јасна. Тој молчи затоа што мисли на тој начин дека ќе помине сето ова, секое чудо за три дена и така натаму“, рече Жерновски, додавајќи: „Така што, му сугерираме да не молчи, туку веднаш да излезе пред граѓаните и да каже за потеклото на овие криминални пари.“ Тагови: Андреј Жерновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter