Фото: Новиот „Mercedes-AMG S63 E Performance“ чини како две основни „S“ класи - Канал 5

Фото: Новиот „Mercedes-AMG S63 E Performance“ чини како две основни „S“ класи

Водечкиот модел „AMG“ од „S“-класата со 802 КС чини 208.393 евра во Германија, а беше лансиран во ограничената серија „AMG Edition 1“.

Фото: Новиот „Mercedes-AMG S63 E Performance“ чини како две основни „S“ класи

„Mercedes-AMG S63 E Performance“ од 2023 година е најмоќната фабричка „S“-класа досега благодарение на „plug-in“ хибридниот „V8“ погонски агрегат кој развива речиси три пати поголема моќност од основниот „S350d“ што се продава во Европа.

Но, исто така чини речиси двојно повеќе.

„Mercedes-AMG“ денеска објави дека првите примероци на водечкиот модел „S63“ ќе стигнат до европските сопственици во мај оваа година. Овие среќни клиенти - или нивните возачи - ќе го возат луксузниот седан опремен со 4,0-литарски твин-турбо „V8 PHEV“ хибриден погон кој произведува 802 КС и 1.430 Nm вртежен момент.

За таа сатисфакција, сопствениците ќе треба да издвојат 208.393 евра!

За споредба, основната „S“-класа, дизел „S350d“, кој произведува 286 КС, чини „само“ 107.814 евра.

Инаку, „S63“ може да достигне 100 км/ч за само 3,3 секунди како суперавтомобил, а нуди и чисто електричен опсег од 53 километри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Григор Димитров: „Новак Ѓоковиќ ми призна дека се чувствува празно“

Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров ги откри деталите од разговорот со најтрофејниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Григор Димитров: „Новак Ѓоковиќ ми призна дека се чувствува празно“

Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров се единствените преостанати членови на „старата гарда“ и сè потешко им е да најдат мотивација откако Роџер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј, Стен Вавринка и Гаел Монфис ги закачија рекетите на клинец...

Ривалството што имавме можност да го следиме повеќе од една деценија беше само по себе инспирација за играчите. Бугаринот, кој е голем пријател со српскиот ас, неодамна откри што му кажал Ѓоковиќ за повлекувањето на Федерер и Надал, со кои ги водеше најголемите битки на АТП-турнејата.

Тој призна дека се чувствува исто и дека му недостасува жарот што го имал додека се натпреварувал против најдобрите играчи во овој спорт.

„Морам да бидам искрен. Веќе неколку години сум прилично дистанциран од сè што се случува на АТП-турнејата. Сè уште се натпреварувам, но веќе не ги следам случувањата во мојот спорт, ниту пак сум упатен во нив. Целиот мој живот се вртеше околу тенисот, а сега малку ме растажува сознанието дека дури и не ги познавам повеќето од активните играчи“, изјави Димитров.

Во моментов, само 10 од најдобрите 100 играчи во светот се постари од 30 години, а само шестмина имаат 35 или повеќе години. Григор признава дека се чувствува осамено... „Годините можеби се само бројка, но во нашиот спорт имаат огромно влијание. Не се работи само за она што се случува на теренот, туку и за интеракцијата со другите за време на турнирот.“

Со години, Димитров беше еден од играчите кои им создаваа големи проблеми на „големата тројка“ и уживаше во тој натпреварувачки дух и во улогата на аутсајдер.

„Дел од мене си замина од тенисот кога Федерер и Надал се повлекоа. Знам дека и Ѓоковиќ се чувствува исто, бидејќи разговарав со него за тоа. Се потсетивме колку беше возбудливо да се соочуваме со постојаните предизвици на таа ера“, рече тој и истакна: „Да се ​​соочуваш со тројцата најдобри играчи на сите времиња речиси секоја недела беше неверојатно чувство, а во моментов е невозможно да доживеам нешто слично. Не сакам да навредам никого од сегашните играчи, но за мене ерата на 'големата тројка' секогаш ќе претставува најголем предизвик со кој може да се соочи еден тенисер“, изјави Бугаринот, кој успеа да стигне до третото место на АТП-листата и да освои девет титули во ерата на „големата тројка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени

-Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје.

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ управувано од М.М. (65) и автомобил „опел корса“ управуван од С.Н. (27) – двете со скопски регистрации. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“ е приведен

В о тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер околу 21:35 часот се случила на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на село Агино загинале две лица загинаа, а тројца се повредени .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт.

Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии.

Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира.

Филипче сака да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од изградба на модуларни болници од 20%, сака да ќари на вакцини за КОВИД па ќе ги продаваше за три пати повисока сума.

Ете тоа е вистинскиот Филипче кој се што може ќе продаде само за да дојде на власт.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа нема да го дозволат.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер