Фото: Новиот лик од 300 000 долари на Линдзи Лохан - Канал 5

Фото: Новиот лик од 300 000 долари на Линдзи Лохан

Мегапопуларната актерка Линдзи Лохан во проѕирен фустан ја покажа позадината,но сепак вниманието на јавноста го привлече пластичното лице од речиси 300.000 долари.

Фото: Новиот лик од 300 000 долари на Линдзи Лохан

Атрактивната Линдзи Лохан се појави на премиерата на филмот „Freakier Friday“ на Дизни во Австралија и по тој повод покажа смела модна комбинација.

Линдзи веќе долго време е во центарот на вниманието на јавноста, а сето тоа поради неверојатната трансформација на нејзиниот имиџ - поточно, неверојатната работа на пластичен хирург.

Според неа, потрошила речиси 300.000 долари на операции, а судејќи според фотографиите, успеала да го промени својот личен опис.

Од тој момент, медиумите коментираат за секој нејзин потег - дури и кога таа само ќе одлучи да прошета по црвениот тепих.

На последната премиера Линдзи се одлучила да се појави во проѕирен црн фустан со тенки прерамки, по транспарентен во долниот дел, што му дава на целото издание допир на провокација..

Стајлингот го комплетираше со брановидна фризура што паѓаше по рамената, како и шминка во „голи“ тонови.

Шминката дополнително го истакнаа нејзиното пластично лице, кое беше централен мотив на речиси сите фотографии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Во однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот.

Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните.

Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“.

Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

По речиси 11 години застој, затворениот базен во Охрид конечно ќе биде завршен и ставен во функција.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на затворениот базен во Охрид.

Обезбедени се 470 милиони денари за негово целосно завршување.

Ова за мене е многу повеќе од уште еден инфраструктурен проект. Ова е инвестиција во младите, во спортистите, во пливањето. Во иднината на спортот во Охрид и во целата држава.

Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории ќе добијат простор за развој, а Охрид ќе добие услови за организирање натпревари и за понатамошен развој на спортот.

Како Влада и како Министерство за спорт не сакаме капитални спортски објекти да стојат со години и да чекаат. Сакам да ги гледаме завршени и ставени во функција.

Токму затоа ова е еден од проектите на кои сме посебно посветени и драго ми е што денес можеме да кажеме дека по 11 години – конечно се движиме кон неговата реализација.

Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до Владата за поддршката и за јасната определба да инвестираме во спортот и во спортската инфраструктура.

Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие.

Продолжуваме со работа, се наведува во соопштението на Влада на Македонија/Министерство за спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер