3Димитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава
Шоу бизФото: Нова провокација од Синди СвиниНа интернет кружат нови фотографии од сексапилната актерка Сидни Свини. Градникот едвај ѝ ги држи градите.Нови провокативни фотки од популарната актерка со бујни облини Синди Свини. Позната по своите бујни облини и витката фигура, актерката Сидни Свини повторно предизвика бура од реакции меѓу своите обожаватели на социјалните мрежи. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа сподели компилација од атрактивни изданија, но во малку поопуштен стил. За да го промовира својот бренд SYRN и најновата колекција на долна облека „Small Town Girl“, актерката објави неколку селфи-фотографии. Очекувано, вниманието на фановите беше вперено во прекрасните облини на убавата актерка, особено во нејзините гради, кои веднаш паѓаа во очи. Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСудијата Славко Винчиќ се огласи за првпат по финалето на Светското првенство! Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ се огласи за првпат по финалето на Светското првенство! Откри како се однесувал Меси на теренот – еве што се случи меѓу него и Лео!Словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој ја делеше правдата на финалето на Светското првенство во 2026 година меѓу Аргентина и Шпанија, за првпат отворено зборуваше за натпреварот што предизвика огромни јавни полемики. Само неколку дена откако официјално ја заврши својата судиска кариера, Винчиќ ги сподели впечатоците од најголемиот предизвик во кариерата, но и откри каков впечаток врз него оставил капитенот на „Гаучосите“, Лионел Меси. - Меси се однесуваше крајно спортски во текот на целиот натпревар. Ги прифаќаше моите одлуки, разговаравме со меѓусебна почит и ја покажа класата што ја поседуваат само најголемите играчи – изјави Винчиќ во интервју за шпанските медиуми. Славко отворено призна дека пред почетокот на финалето бил под огромен притисок, но нагласи дека излегувањето на теренот пред таков натпревар е сон што се остварува за секој судија. - Кога дознав дека ќе го судам финалето на Светското првенство, бев преплавен од емоции. Тоа е врвот на кариерата на еден судија и нешто за што сонуваш од првиот ден - истакна Винчиќ. Финалниот натпревар помеѓу Аргентина и Шпанија беше запаметен по исклучително острата игра и големиот број дуели, црвениот картон за Енцо Фернандес, но и општиот хаос по последниот свиреж, поради што ФИФА беше принудена да покрене дисциплинска постапка против неколку учесници на овој натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМицкоски: Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравствоКако Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра, порачува премиерот Христијан Мицкоски. -Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го исправиме. Како Влада оваа година рекордно издвојуваме веќе повеќе од 1 милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги. Морам да признаам дека сè што можеме да направиме од страна на Владата во периодот што помина и тој што следи ќе го направиме. Ваков тип на проекти за мене импресионираат и јас навистина честитам на директорката и на вработените во Клиничката болница во Битола. Ова е само почеток, целта ни е целосно би рекол реновирање. Одиме чекор по чекор до екипирање и од човечки капацитет, но и од оној другиот преку опрема, апаратура неопходни за да се дадат здравствените услуги на граѓаните, она што им е потребно. Досега успеавме дел од тоа што недостасуваше да го обезбедиме, но и отсега со несмалена динамика ќе продолжиме во таа насока. Јас би сакал да се заблагодарам на сите вработени тука, на директорката, на министерот, на Фондот за здравство и здравствено осигурување, за сето трпение коешто изминатиов период го имаа. Нè очекуваат предизвици уште поголеми во периодот којшто следи, но ние како Влада сме цврсто ориентирани да направиме современо здравство коешто ќе одговори на потребите на граѓаните во било која смисла. Така работевме ќе повторам досега, така планирам и понатаму да работиме. Ви благодарам и на вас што сте денеска тука и што можевте одблиску да посведочите на она коешто изминативе 2 години се работи тука, уште многу ќе има да се сработи во периодот којшто следи така што ве поканувам да нè следите за тоа коешто го работиме, истакна Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за кориснициЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници, современ простор наменет за побрза, поквалитетна и поефикасна услуга за сите корисници на претпријатието.Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи за видео надзор и алармна заштита. „Денес не отвораме само нова канцеларија – отвораме нов начин на комуникација со нашите корисници. Тука ќе доаѓаат граѓаните кога им е потребна информација, кога склучуваат договори, поднесуваат барања или кога им е потребна поддршка за прашања поврзани со работењето на претпријатието. Со оваа инвестиција воспоставуваме повисок стандард во односот кон корисниците. Современата опрема и новите административни решенија ќе овозможат побрза и поефикасна услуга, поедноставни работни процеси и подобро корисничко искуство. Инвестираме во современи услови затоа што веруваме дека зад секоја добра јавна услуга стои добро организиран систем и професионален однос кон секој корисник“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој истакна дека модерните јавни услуги започнуваат со квалитетен однос кон граѓаните. „Отворањето на новата канцеларија за грижа за корисници е директно вложување во подобра и подостапна услуга за граѓаните. Корисниците отсега на едно место ќе можат побрзо и поедноставно да ги завршат своите обврски и да ја добијат потребната поддршка. Го поздравувам вложувањето на ЈП Паркинзи на Општина Центар во модернизација на условите и работните процеси, бидејќи токму преку вакви конкретни чекори се гради довербата и се унапредува квалитетот на јавните услуги“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Новата канцеларија е целосно реализирана со сопствени средства на ЈП Паркинзи на Општина Центар и претставува дел од континуираниот процес на модернизација на претпријатието. Со нејзиното отворање се создаваат подобри услови за прием и услужување на корисниците, како и поорганизирани и поефикасни административни процеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter