Фото: Нова провокација на српската старлета Станија

Српската старлета Станија дефинитивно го знае рецептот за популарност меѓу мажите. 

Со секси фотки Станија добива се поголем број на фанови на социјалните мрежи меѓу мажите.

Сега атрактивната старлета со нови провокативни фотки на радост на нејзините фанови покажа како изгледа во кожен корсет, кој ги истакнува нејзините бујни облини.

Посебно провокативна е фотката на која Станија облечена само во танга позира пред огледало.

ВМРО-ДПМНЕ:Заев сака методите на манипулации и фалсификати на избори,да ги примени и за пописот

Секаде во светот се попишуваат граѓани кои живеат во одредена земја, само пописот по стадарди и методологија на Заев не е така. 

Законот за попис кој што насила го турка власта на заев не е статистичка туку пазарџиско политичка операција. Нема ниту евроспки стандарди, ниту јасна методологија. Попишувањето кое го замислил Заев е едноставно диктирање на амтични броеви кое значи фалсификат на реалноста.

Од ова штета имаат сите граѓани, а најмногу Македонија.

Затоа власта својот политички договор кој сакаат да го прикажат како закон за попис го туркаше шверцерски и без општетствен консензус целосно игнорирајќи го тоа што го укажуваше ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност.

Затоа власта на Заев сака да спроведе тн попис во услови кога европски земји и земји од регионот го одложуваат. Јасно е дека Заев сака методите на манипулации и фалсификати на избори, да ги примени и за пописот.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на ова ќе се спротивстават и доколку насилно го изгласаат, тогаш ќе почнеме иницијатива за собирање потписи во подрачните канцеларии на Министерството за правда за носење на закон за укинување на постојниот закон за попис кој ќе биде основа за фалсификатот кој го турка власта.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Николовски за Водици: Ова е ден на вербата во нови почетоци

На сите православни верници им го честитам денешниот голем христиани празник Богојавление Христово – Водици, рече во видео честитката генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по повод христијанскиот празник Водици. .

Овој ден е симбол на вербата во нови почетоци, во обновувањето, вербата во чесното и исправното.

Пред нас е една таква година, на нови почетоци, полна со можности и оптимизам.

Посакувам конечна, заедничка победа над вирусот, нови радости во семејствата, меѓу пријателите, на работните места, благосостојба, спокој и мир.

Државата е тука за народот, за рестарт на економијата и екномски раст, за целосна и сигурна вакцинација, за правда и праведност.

Државата е тука за уште повеќе пари кај граѓните, плати, пензии. За нови градинки, училишта, патишта, болници...

Во духот на денешниот празник да се обврземе и пред себе си, на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање.

Да дадеме се од себе, затоа што новите почетоци тргнуват од секој од нас.

Нека е за многу години Богојавление – Водици. Бог се јави.

Да празнуваме одговорно, со почитување на мерките за заштита на здравјето и да се радуваме на новите почетоци.

Да сте здрави и живи!


Силен земјотрес од 6,8 степени ја погоди Аргентина (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди провинцијата Сан Хуан во Аргентина, соопшти германскиот центар за истражување и геолошки науки (ГФЗ).

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Главниот бил проследен со уште најмалку пет последователни земјотреси што ги потресоа зградите, но засега нема извештаи за повредени и не е издадено предупредување за цунами.

Последователните потреси се движеле со јачина од 3,5 до 5 степени, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Објави од социјалните мрежи покажуваат како се тресат домови и згради, а сеизмичката активност предизвикала пукнатини на патиштата, додека шишиња паѓале од полиците на продавниците.

Гувернерот на Сан Хуан, Серхио Уњак, го повика населението да остане смирено и да контактира со соодветните служби доколку им треба помош и да се јават на 911.

„Да ги примениме во пракса сите потребни мерки што ги научивме“, рече тој.

ЕМСЦ објави дека земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала се случил во 23:46 минути по локално време (3,46 UTC) на 41 километар југо-југозападно од Сан Хуан, град со 447 000 жители.

притисни ентер