Фото: Нов скандал на Мадона: Се трансформираше во Мајка Богородица - Канал 5

Фото: Нов скандал на Мадона: Се трансформираше во Мајка Богородица

Кралицата на попот Мадона повторно ja згорози и шокираше. Мегапопуларната пејачка сега предизвика бес кај христијаните со контроверзно о скандалозно преработување на сцените од „Тајната вечера“.

Фото: Нов скандал на Мадона: Се трансформираше во Мајка Богородица

За новото „Icon Issue“ на „Vanity Fair“, легендарната пејачка се трансформираше во Мајка Богородица и на нејзините гради стави срце прободено од меч со златен вез. Пејачката исто така преработила и сцени од „Тајната вечера“, преземајќи ја улогата на Исус кој стои на раскошно ќебе додека верните следбеници паѓаат пред нејзините нозе.

- Во ова специјално издание, Мадона повторно станува Мадона: икона. Не само олицетворение на музички тренд или стил на облекување, туку фигура колку што е вознемирувачка, толку и света – изјави шефот на уредувачката содржина на „Vanity Fair France“.

„Таа ќе оди во пеколот“, „Одвратно“, „Зошто оваа бледо бела вештерка не може да го остави христијанството на мира?“, „Ова е толку непочитување“, се само дел од лошите коментари на Твитер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“

Ставен под контрола е големиот пожар што попладнево избувна на територијата на општина Сопиште, зад Водно.

Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“

Градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски, во изјава за Канал 5 вели дека населението е вон опасност, а направен е коридор за да се спаси шумата на Водно.

Пожарот, кој избувнал над самото село чифлик засега е под контрола, благодарение на интервенцијата на скопската противпожарна бригада, ДЗС, како и доброволното друштво и месното население.

Во гасењето учестувуваат и три авиони ер-трактор, а на терен интервенираат и четири пинцгауери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Во стабилна здравствена состојба пристигна 28 годишниот скопјанец кој има повреди на ‘рбетниот мозок заради пад од тобоган на летување во Турција.

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Повредениот пристигна со владиниот авион со тимот предводен од доктор Марта Тренева во комплексот „Мајка Тереза“ и беше итно донесен во ургентниот центар. Тимот на доктори предоводени од директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски објаснија дека операцијата во турската болница е добро направена и по две недели тамошно болничко лекување е донесен во Македонија.

28 годишниот е хоспитализиран во единицата за интензивно лекување и ќе се следи неговата здравствена состојба, објаснуваат докторите.

Скопјанецот се повредил на 22 јули каде бил итно опериран, тој преживел тешка повреда на ‘рбетниот мозок и морало итна интервенција. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи беше обезбеден владин авион со кој пациентот беше транспортиран во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција.

Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот.

Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација.

Намали брзина. Спаси живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер