Фото: Никол на Миконос

Светската музичка ѕвезда Никол Шерзингер ужива во летниот одмор.

Атрактивната пејачка секако не заборави фанови да ги информира за својата нова дестинација.

Популарната Никол повторно ги „почести“ своите фанови на социјалните мрежи со фотки од монденскиот Миконос , кои изгледаат како вистински разгледници.

Никол по роденденската забава во Лондон со најблиските пријатели замина на Миконос , на летен одмор.

Како и секогаш Никол и овој пат не заборави на своите фанови. Мегапопуларната пејачка за која медиумите велат дека има најдобро тело во индустријата на забава на социјалните мрежи објави неколку фотки кои се вистински разгледници, на кои во преден план секако е убавината на Никол.

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер