Фото: Неверојатно мустаќи долги 4,3 метри

58 годишниот Индиец Рам Синг Чуан е горд сопственик на најдолгите мустаќи на светот, неговите мустаќи се долги неверојатни 4,3 метри.

Чуан огромните мустаќи ги „расте“ од 1970 година, а благодарејќи на нив е влезен во Гинисовата книга на рекорди.

Со возраста моите мустаќи растат се помалку. За период од една година мустаќите ми се стануваат подолги за неколку сантиметри , изјави Чуан , кој токму поради мустаќите доби голема популарност во Индија но и во целиот свет.

Рам Синг Чуан во далечната 1983 година играше во филмот „Октопуси“ од серијалот Џемс Бонд заедно со Роџер Мур.
Покрај во филмот за славниот агент Џемс Бонд , Чуан, како актер учествувал и во многу филмови во Боливуд.

На прашањето на новинарите како ја одржува хигиената на мустаќите Чуан одговори:
„На хигиената и одржувањето на мустаќите секој ден трошам по еден или два часа. Ги чистам и чешлам . Мустаќите ги мијам на секој десет дена“, изјави Чуан .
Со мустаќи долги 4,3 метри, според Чуан единствено проблем може да биде само прошетката низ градските улици.

Привршува гласањето на двојните избори

Трендот - дел од граѓаните, особено во општините со мнозинско албанско население, да посегнуваат само по едно гласачко ливче беше присутно и во Скопје во текот на денот..

Сандра Спасовска е пред избирачко место во скопски Чаир.. Сандра, како привршува гласањето во главниот град..

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно беше е да излезат над 725 илјади граѓани..

Јован Ѓорговски и во овие вести со анализа и за денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Еден час до затворањето на гласачките кутии..

Македонија гласа на двојните избори.. Повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Одиме прво во дик..

Таму е Михајло Видимлиски.. Михајло, она што најмногу ги интересира граѓаните - колкава е излезноста и има ли посериозни нерегуларности?

притисни ентер