Фото: Невакцинираниот Болсонаро вечераше парче пица на улица во Њујорк

Невакцинираните шефови на држави кои неделава присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, најверојатно не ќе можат да одат на вечера во рестораните низ градот. 

Британските медиуми пренесуваат дека од овие причини, најверојатно, и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој не е вакциниран, на својата прва вечер во Њујорк вечераше само парче пица на улица.

Двајца министри од неговиот кабинет, кои се дел од бразилската делегација, објавија фотографија на која Болсонаро јаде парчиња пица со своите помошници.

Поддржувачите на Болсонаро го пофалија овој потег на претседателот како незадолжителна „едноставност" на нивниот лидер, кој одлучил да вечера на улица, во близина на хотелот каде престојува на Менхетен.

Бразилскиот популистички лидер, кој пред да замине за Њујорк се пофали дека не е вакциниран, изјави дека неговиот имунолошки систем е доволно силен за да се одбрани од коронавирусот.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, апелираше до светските лидери да се вакцинираат пред да земат учество во дебатата на Генералното собрание на ОН.

Кабинетот на градоначалникот претходно изјави дека сите учесници во дебатата ќе мора да имаат доказ за вакцинација за да влезат во салата за дебати, која е класифицирана како конгресен центар.

Бразилската мисија во ОН одби да ги коментира извештаите дека еден од нивните дипломати бил позитивен во Њујорк. Портпаролот на ОН, Стефан Ѓујариќ, изјави дека за ова прашање тие биле во контакт со бразилската мисија.

Болсонаро ќе биде првиот шеф на државата што ќе зборува денеска на генералната дебата на годишната сесија на Генералното собрание на ОН.

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

Јом Хашоа одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Со едноминутно молчење во чест на жртвите во холокаустот, денеска беше одбележан Денот на сеќавањето на жртвите. Традиционално овој ден  се одбележува на годишнината на востанието во Варшавското гето.

Маја Нану, член на управниот одбор на еврејската заедница, нагласи дека Македонија, рамо до рамо со целиот свет, им оддава почит на своите 7.144 евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта, Теблинка.

Самоил Садикарио, пензиониран професор на медицинскиот факултет, член на Еврејската заедница, чии предци биле партизани, изразува жалење што се помалубројни се Евреите во Македонија. Особено му е жал што поради, како што рече, нечија луда идеа, загинале шест милиони евреи во светот.

Во чест на Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во музејот на холокаустот беше отворена и детска изложба, а најдобрите три цртежи беа и наградени.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер