Фото: Наташа Беквалац ужива во Италија - Канал 5

Фото: Наташа Беквалац ужива во Италија

Атрактивната пејачка Наташа Беквалац уште еднаш покажа дека за неа годините се само бројка. 

Фото: Наташа Беквалац ужива во Италија

Убавата Ната денеска го слави својот 43 роденден.Но со изгледот во елегантниот фустан со длабоко деколте покажа дека на изгледот може да и позавидат и двојно помладите девојки.

Заедно со пријателите сексапилната пејачка одлучила роденденот да го прослави во преубавата Тоскана во Италија.

Пријателите на полноќ и приредија изненадување со шампањ и прскалки.

На социјалните мрежи Беквалац објави неколку фотки кои со воодушевување беа прифатени од нејзините фанови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Нејмар го изненади Олисе

Францускиот репрезенативец Мајкл Олис блесна во победата на Баерн Минхен над Унион Берлин, а по натпреварот доби подарок што не го очекуваше.

Фото: Нејмар го изненади Олисе

Францускиот напаѓач постигна три гола и запиша една асистенција, потврдувајќи дека е еден од клучните играчи на Баварците оваа сезона. Сепак, она што се случи по натпреварот привлече речиси исто толку внимание колку и неговата игра на теренот.

Олисе доби дрес од Нејмар, а подарокот му го врачи новинарката Изабела Паљари.

Таа веќе еднаш приреди слична сцена, кога му го подари дресот на бразилската ѕвезда на Дезире Дуе. За Олисе, кој важи за многу повлечен фудбалер и човек чии прослави на голови се главно крајно смирени, реакцијата беше необична.

Кога го виде дресот на Сантос, на лицето му се појави широка насмевка. Дресот пристигна како еден вид порака од Нејмар, поранешниот играч на Пари Сен Жермен и Барселона, а Олисе возврати на гестот. Французинот потоа му го испрати својот дрес на Бразилецот, со што продолжи оваа интересна размена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од изборите во Русија-Излезност над 40 проценти

Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во деветтиот состав на руската Државна дума изнесуваше 44,38 проценти по вториот ден од гласањето.

Втор ден од изборите во Русија-Излезност над 40 проценти

Гласањето започна во петокот, а претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, изјави дека изборите се одвиваат вообичаено, и покрај обидите за провокации, пренесува „РИА Новости“.

На изборите за Државната дума учествуваат 10 политички партии: „Единствена Русија“, ЛДПР, Партија на директна демократија, „Зелените“, „Праведна Русија“, „Родина“, Комунистичка партија на Руската Федерација (КПРФ), Партија на пензионерите, „Комунисти на Русија“ и „Нови луѓе“.

Гласањето ќе трае до вечерва на 20 септември. Повеќето избирачки места се отворени од 8:00 до 20:00 часот, додека на некои избирачки места во пограничните области времето за гласање е скратено.

Електронското гласање од далечина се спроведува во 33 региони, а на изборите учествуваат повеќе од 380.000 набљудувачи, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и 13 меѓународни организации.

Според „РИА Новости“, жителите на самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, како и на Запорошката и Херсонската област, за првпат избираат пратеници во Државната дума. За нив, како и за гласачите во одредени погранични региони, достапно е предвремено гласање.

Во странство, во 152 земји, беа отворени 333 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

 Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1).

Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната.

Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер