Фото: Најжешката навивачка на Меси и објави „војна“ на Барселона - Канал 5

Фото: Најжешката навивачка на Меси и објави „војна“ на Барселона

Сузи Кортез е сигурно една од најжешките фудбалски навивачки. Атрактивната Сузи веќе неколку години важи за најголемиот фан на најдобриот свтески фудбалер Лионел Меси.

Фото: Најжешката навивачка на Меси и објави „војна“ на Барселона

Сузи будно ги следеше сите вести поврзани со евентуалното заминување на Меси од Барселона. Жешката навивачка неодамна својата верност кон Меси ја докажа со нова тетоважа. Меси е тетовинар на нејзиниот стомак.

Сексапилната Сузи доби светска популарност токму со своите објави во дрес на Меси , фотки на кои во преден план се сепак облините на атрактивната навивачка.

Сега Сузи направи хас на социјалните мрежи со својата порака дека и објавува „војна“ на Барселона поради тоа што гигантот од Ноу Камп го задржал на сила нејзиниот миленик Меси.

-Се додека Бартомеу е претседател јас нема да го облечам дресот на Барселона“ нашишала Сузи.

Таа навистина сега не облекува дрес , на повеќе слики е гола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Овие ролери немаат никаква врска со возачите, но решаваат еден необичен проблем.

Зошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекувана

Сообраќајните знаци на холандските автопати имаат друга, прилично необична улога - тие привлекуваат бувови, кои ги користат за набљудување додека ловат глувци покрај патот.

Ова може да биде многу опасно. Кога був ќе одлета од знак и ќе се спушти врз својот плен, тој може да заврши пред возило. Судирот може да биде фатален за птицата, но може да предизвика и сериозна штета на автомобил или камион.

Затоа на некои сообраќајни знаци се инсталирани специјални ротирачки ролери. Тие ги спречуваат бувовите да слетаат на знакот и да останат на него, пишува „Revija HAK“.

Оваа заштита е инсталирана првенствено на делови каде што се регистрирани голем број смртни случаи на бувови. Ова навидум едноставно решение истовремено ги штити птиците и го намалува ризикот за учесниците во сообраќајот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Летото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си.

Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.

Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени.

Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба.

Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер