Фото: Најубавите девојки од Азија!!! - Канал 5

Фото: Најубавите девојки од Азија!!!

Нежни убавици од Азија.

Фото: Најубавите девојки од Азија!!!

Манекенки, пејачки и други убавици се собраа на доделувањето на „Азиските Грами награди“.

Доделувањето на популарните МНЕТ награди мина во знакот на најангажираната манекенка од Кина прекрасната Ангела Бејби.

На црвениот тепих продефилираа и членките на бендот „ Oh My Girl,“ од Јужна Кореја. Како и убавиците од јужнокорејскиот бенд „WJSN“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На месечно ниво платите растат околу 370, а пензиите за околу 300 денари

Со ВМРО-ДПМНЕ на месечно ниво платите растат околу 370, а пензиите за околу 300 денари, додека со СДС на власт платите растеа по 220, а пенизиите по 90 денари.

ВМРО-ДПМНЕ: На месечно ниво платите растат околу 370, а пензиите за околу 300 денари

Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите и пензиите растат значително побрзо, што директно придонесува за подобрување на животниот стандард и за поголема економска сигурност на граѓаните.

Ако направиме директна споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ, разликата е очигледна. Кога СДС дојде на власта, во јуни 2017 година просечната плата изнесувала околу 22.800 денари, а до периодот на заджување на власт, мај 2024 година достигнала 41.250 денари, што значи дека за период од седум години просечната плата се зголемила за повеќе од 18.400 денари, односно со просечен месечен раст од околу 220 денари.

За разлика од тоа, во јули 2024 година, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го презеде мандатот, просечната плата изнесувала околу 40.900 денари, додека во мај 2026 година достигнала над 49.500 денари, што претставува зголемување од околу 8.600 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од над 370 денари или околу 70%.

Ова покажува дека во периодот на оваа Влада, наспроти критиките на опозициската СДС, платите растат со значително поголема динамика.

Уште појасна е разликата кај пензиите, каде што политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носат конкретно зголемување на месечните примања на пензионерите и поголема сигурност за оваа категорија граѓани. Во јуни 2017 година, просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари, а во мај 2024 година достигнала над 22.900 денари, што значи дека за седум години таа се зголемила за речиси 7.700 денари, односно за околу 90 денари.

Од друга страна, во јули 2024 година просечната старосна пензија изнесувала околу 22.850 денари, а во мај 2026 година достигнала над 29.700 денари, што претставува зголемување од повеќе од 6.800 денари за само 23 месеци, односно за околу 300 денари месечно или 325%. Ова е јасен показател дека пензиите, исто како и платите, во периодот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат со значително побрзо темпо во споредба со претходниот период на владеење на СДС и ДУИ.

Овие бројки се доказ дека економските политики даваат конкретни резултати и граѓаните можат директно да ги почувствуваат во своите семејни буџети.

Разликата меѓу двете политики е јасна, додека претходната власт ништо не направи, а имаше години на располагање да го подобри животниот стандард на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за значително пократок период успева да обезбеди посилен раст на приходите и да создава услови за повисок животен стандард.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не застанува тука, туку продолжува со политики насочени кон повисоки плати и пензии, привлекување нови инвестиции, отворање нови работни места и создавање посилна и поконкурентна економија, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации, наместо државниот, го гледаат сопствениот интерес

Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат да создадат паника околу новите инвестиции и технолошкиот развој на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации, наместо државниот, го гледаат сопствениот интерес

Интересно е што истите оние кои денес предупредуваат за секоја можна опасност од дата центрите, во времето кога беа на власт промовираа сосема поинакви приоритети.

Кога СДС беше на власт, наместо Македонија да ја позиционира како центар за современи технологии и високотехнолошки инвестиции, во јавноста доминираше приказната за марихуаната и отворањето на тој сектор.

Денес, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ разговара со сериозни потенцијални инвеститори за дата центри и дигитална инфраструктура, Филипче повторно бара причина за критика.

Разликата е очигледна.

ВМРО-ДПМНЕ разговара за дата центри, дигитализација, нови технологии и инвестиции. СДС повторно разговара за стравови, сомнежи и политички конструкции.

Очигледно е дека за СДС секоја нова инвестиција во Македонија е причина за политички аларм, затоа што тие се фокусирани само на сопствените интереси, наместо да се фокусираат на придобивките кои може да ги има државата од развојот на современа дигитална инфраструктура.

Но, Македонија мора да биде конкурентна и да ги следи современите технолошки трендови. Дата центрите се дел од дигиталната инфраструктура на современите економии и можат да донесат инвестиции, дополнителен развој на ИТ и технолошкиот сектор.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде земја во која се инвестира, се развива технологијата, се отвораат нови работни места и повеќе можности за граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Владата да се огради – нема место за глорификација на осудени за геноцид

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува секоја форма на величење и глорификација на Ратко Младиќ – правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства.

ЛДП: Владата да се огради – нема место за глорификација на осудени за геноцид

Ова не е прашање на политички став, национална припадност или различно толкување на историјата. За геноцидот нема „друга страна на приказната“ кога фактите се утврдени со правосилни пресуди на меѓународните судови.

Особено е недозволиво ваквата глорификација да биде поврзана со носители на високи државни функции.

Затоа бараме Владата веднаш, јавно и недвосмислено да се огради од постапувањето на министерот за локална самоуправа и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и да утврди политичка одговорност. Не може Македонија пред Брисел да се повикува на европски вредности, а дома Владата да молчи кога нејзини функционери учествуваат во величење на лице осудено за геноцид.

Ова прашање не завршува со политичката одговорност. Мора да се испита и евентуалната кривична одговорност. Кривичниот законик, во член 407-а, го санкционира јавното негирање, грубо минимизирање, одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста и воени злосторства преку информационен систем, за што е предвидена и казна затвор.

Затоа бараме Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, во рамките на своите надлежности, по службена должност да ги испитаат сите објави, изјави и дејствија поврзани со овој случај и, доколку се исполнети законските елементи, Кривичниот законик да биде применет без исклучок. Државната функција не смее да биде штит од законот.

ЛДП бара и сеопфатна законска рамка со која јасно ќе се забрани јавното величење, афирмирање и промовирање на лица правосилно осудени за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, како и промоцијата на фашистички, нацистички и други тоталитарни и насилни идеологии што поттикнуваат омраза и нетрпеливост.

Таквата забрана мора да важи и при именување и регистрација на здруженија, фондации, клубови, организации, јавни установи, улици, плоштади, манифестации и други јавни обележја, за тие да не можат да носат имиња или симболи со кои се величаат вакви личности, идеологии или злосторства.

Истовремено, образовниот систем мора да биде јасна линија на одбрана од историскиот ревизионизам. Геноцидот, злосторствата против човештвото и воените злосторства мора да се изучуваат врз основа на историски и правосилно утврдени судски факти – без релативизирање, негирање или претставување на осудени воени злосторници како херои.

Европска држава не се гради со европски пароли, туку со европски вредности. Почитувањето на жртвите и осудата на геноцидот се црвена линија. Нема молк кога се величаат осудени за геноцид. Нема релативизација на злосторствата. И нема државна функција над законот и без политичка одговорност.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер