Фото: Најубавата светска манекенка во најмало танга бикини - Канал 5

Фото: Најубавата светска манекенка во најмало танга бикини

Младата убавица од кланот Кардашијан-Џенер, Кендал многумина ја сметаат за најпопуларната манекенка на светот.

Фото: Најубавата светска манекенка во најмало танга бикини

Кендел Џенер сигурно е една од најпопуларните и најледени лица на социјалните мрежи. Младата манекенка со речиси 300 милиони следбеници на Инстаграм - е една од најследените во историјата на оваа социјална мрежа.

Но, многумина се прашуваат што ја прави толку позната?

Нејзините нови слики го даваат одговорот.

Сакаше да ни покаже „малку од себе“, како што објасни.Но покажа скоро се.

Таа го отвори албумот со слика во бикини, а бидејќи со грбот беше свртена кон камерата - пристигна огнено изненадување.

Кендел го покажа својот совршен задник во танга бикини, и секако воодушеви милиони.

Младата манекенка инаку редовно на социјалните мрежи објавува фотки на кои скоро редовно на себе го има најмалото можно танга бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Пет години лаги за модуларната - ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Филипче

Пет години ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Венко Филипче со злоупотреба на трагедијата во модуларната болница во Тетово и болката на семејствата на загинатите.

Штерјова: Пет години лаги за модуларната - ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Филипче

Пет години шират лаги, конструкции, клеветат, само за пресметка со претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.

Пет години ниту Филипче ниту СДСМ не се мешаше во работата на Јавното обвинителство.

Не вршеше притисок. Не ја коментираше постапката. Не бараше заштита.

Затоа што институциите мора да работат независно и без притисок.

Модуларните болници беа набавени преку меѓународна постапка на Светската банка, со механизми на контрола, во време на најголемата здравствена криза во поновата историја.

Тие болници не се градеа за тендерски профит, туку за да се спасуваат животи.

Се градеа во време кога болниците беа преполни, кога немаше доволно кревети, кога здравствените работници водеа битка за секој пациент.

Ако постоела и најмала основа за кривична одговорност на Филипче, зарем некој верува дека Мицкоски и ВМРО немаше да најдат начин да ја искористат?

По две години власт, со целата моќ што ја имаат, ќе оставеа нешто неискористено против својот најголем политички противник.

ВМРО-ОКГ водеше јавен линч и политички суд цели 5 години.

Без докази. Без пресуда. Без никакви граници.

Човек кој е доктор, хирург и универзитетски професор, го нарекуваа убиец.

Човек кој целиот професионален живот лекува пациенти, спасува животи и образува идни лекари, го нарекуваа „д-р Менгеле“.

Тоа е дел од кампањата на ВМРО и Мицкоски за ширење омраза и поделби.

Истата кампања која потоа организирано се рашири низ медиумската машинерија на ВМРО и

Орбановите 40% од медиумите.

Пет години ја користат трагедијата како политичко оружје, си поигруваат со болката, чувствата и жалта на семејствата на загинатите.

ВМРО и Мицкоски треба да им се извинат на граѓаните за пет години манипулации и ширење невистини.

Но, пред сè, да им се извини на семејствата на загинатите.

Затоа што пет години нивната најголема болка ја претвораат во политичка кампања и бесрамно си поигруваа со нивната болка.

Тоа е бездушно. Неморално. Тоа е ВМРО!

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. 

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.

Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер