Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие
1Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие
ЗабаваФото: Најубавата италијанска ТВ водителка Дилета Леота доби конкуренцијаФудбалерите и тренерите штом ја видат на теренот, никој не одбива интервју.Убавата и атрактивна спортска ТВ водителка од Италија, Марија Луиза Јакобели ги полни батериите за новата сезона, каде што ќе известува во живо од зелените терени низ цела Италија и повторно ќе ги привлекува воздишките на машкиот пол. -Тешко ѝ е да и се каже не. Фудбалерите и тренерите штом ја видат на теренот, никој не одбива интервју. Тоа е нешто сосем нормално кога ќе видите како изгледа, сериозната конкурентка на најубавата италијанска тв водителка Дилета Леота. Марија Луиза Јакобели е италијанска спортска новинарка, телевизиска водителка, модел и инфлуенсерка. Работела на неколку телевизиски станици, моментално е на SportMediaset, а поради нејзиниот гламурозен стил на облекување, каде што ги истакнува своите бујни гради, како и нејзиното изразено присуство на социјалните мрежи, ја нарекуваат италијанската Ким Кардашијан.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеГраѓаните сериозно ги сфаќаат препораките, зголемена потрошувачка на средствата против комарциСтравот од комарците ги празни рафтовите со репеленти и спрејови против инсекти во скопските аптеки. Дел од фармацевтите за Канал 5 потврдуваат дека средствата за заштита периодов се продаваат како алва. Граѓаните велат дека по комарниците на прозорците и вратите токму спрејот е еден од поефикасните начини да се заштитат од убодите на комарците кои можат да го пренесат вирусот Западен Нил. По вториот смртен случај, кај дел од нив е зголемена и загриженоста, но некои повеќе стравуваат за децата. Иако кај многу мал број на луѓе оваа инфекција може да се манифестира со тешка форма, најчесто кај повозрасни луѓе со хронични болести, тоа не значи дека не може да се јави кај деца. Случаи со западно нилска треска која и кај мало предизвикала воспаление на мозокот сме имале во изминатите години, потврдуваат педијатрите. Разликата е дека претходно Западен Нил „се увезуваше“ од странство, најчесто од Грција, а сега, инфекцијата е присутна и на наше тло. Сите случаи на западно нилска треска кај нас се потврдени кај лица над 60 годишна возраст кои имаат коморбидитети. Досега овој вирус за една недела зеде два човечки животи, а според официјалните информации од Клиниката за инфективни болести, седум луѓе се на респиратор и се борат за живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаОдговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатиеОдговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, и од овој момент па натаму грижата е целосно кај Водовод во Гостивар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата, а како Владата, водата ја прочистиле за неполн месец. За обвинувањата на опозицискиската СДСМ дека власта е одговорна за загадувањето на водата за пиење, Мицкоски рече дека градоначалникот на Гостивар е кадар што на последните избори бил поддржан од СДСМ. -Јавното претпријатие има свое раководство. Раководството го поставува градоначалникот, а градоначалникот беше поддржан на вонредните избори од СДСМ. Затоа вие нема да слушнете од страна на СДСМ – одговорност од градоначалникот бидејќи тој е нивен кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност од таму каде таа одговорност ја нема туку, напротив, од страна на Владата ние дадовме се што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега, односно за помалку од 4 недели комплетно е прочистен системот, изјави Мицкоски. Од СДСМ, пак, прашуваат зошто и по пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар досега не одговара никој од власта, а не е објавен, како што велат, ниту еден официјален извештај ниту анализа за водата во Гостивар. Го повикаа државниот обвинител Савески да постапи по кривичните пријави кои СДСМ ги поднесе. -Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар, изјави Штерјова од СДСМ. Премиерот Мицкоски, коментирајќи го случајот со дезинформациите дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли кажа дека Владата имала информации ден претходно дека опозициски партии подготвувале обид за ширење на хистерија преку социјалните медиуми, а паралелно, за лажните вести гледа и комерцијална заднина. - Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија, односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е мислам дека тука има и некои други, би рекол, повеќе комерцијални обиди, бидејќи за еден ден најненадејно голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви на и количини на флаширана вода, Мицкоски. За ширењето на лажни вести за водата во Скопје досега на разговор во полициска станица се повикани повеќе од 10 лица, но МВР засега нема поднесено пријава против никого. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството од каде велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаМицкоски: Во Белгија немав политички средби, но имав состаноци со инвеститориЕднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања.Еднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања за наводно водење тајни преговори за европската иднина на Македонија за време на семејното патување. Целта на семејното патување во Белгија, како што појасни Мицкоски, била посета на историско-културни места во земјата. -Дел од воспитувањето кое што го имам јас со моите два сина е да, еднаш годишно, отприлика викенд, четврток – недела, одиме во некој европски град и таму посетуваме значајни, би рекол, места и разговараме и ја изучуваме историјата на таа држава. // Рековме екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научно-образовна екскурзија во Белгија. // Да, бев три дена во Брисел и немав политички средби, исто така правевме обиколка во Брисел, имав три средби со инвеститори, кои што во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Како што велат од опозициската СДСМ, премиерот во Брисел одел на „неофицијални“ разговори и средби за европскиот пат на државава, без знаење и учество на дипломатијата, туку со семејството. Од СДСМ посочуваат дека доказ оти имало разговори зад затворени врати, биле неодамнешните изјави на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и на евроамбасадорот Михалис Рокас. -Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел? Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани? Одговорот е еден и јасен: Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост. // Граѓаните имаат право да знаат: Што е договорено? Што е прифатено? Што е скриено? Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така и нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии,- -СДСМ. Премиерот Мицкоски денеска беше прашан и за коментар на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој рече дека српската црква е „иста и во Скопје и во други градови низ светот“. Мицкоски не сакаше да ја коментира оваа изјава која предизвика и реакција од МПЦ – ОА , бидејќи како што рече, не сака да навлегува во комуникација која што прилега на минатиот век. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook