Фото: Најпопуларниот балкански актер ужива на Малдиви - Канал 5

Фото: Најпопуларниот балкански актер ужива на Малдиви

Мегапопуларниот српски актер Милош Биковиќ ја почести девојката со одмор вреден  18.000 евра! 

Фото: Најпопуларниот балкански актер ужива на Малдиви

Биковиќ ја почести својата девојка Ивана Малиќ со луксузен одмор од 18.000 евра!

Најпопуларниот српски актер и адвокатката отпатува на Малдивите каде ќе поминат десет дена.

Биковиќ не штедел пари за одмор, па се одлучил за еден од најскапите комплекси каде заедно со една атрактивна девојка ќе можат да уживаат далеку од очите на јавноста.

- Тие го избраа еден од најлуксузните хотели на островот, „San siam iru veli“, со пет ѕвезди, кој се наоѓа веднаш на плажата, веднаш до Индискиот Океан. Тие живеат во куќа во која имаат мир и приватност, што е важно за Милош. За десетте ноќи колку што ќе бидат Милош и Ивана, актерот платил 11.700 евра, а за две повратни билети одвоил уште 2.500 евра - изјавил извор за српските медиуми.

Милош Биковиќ е еден од најплатените домашни актери на денешницата, па во Русија заработува и до 5.000 евра дневно на снимање! Популарниот актер толку многу заработи додека ја снимаше комедијата „Слугата“, која, инаку, е најгледаниот филм во историјата на руската кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Ѓорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

- Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.

Парното во Скопје повторно поскапува:  Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти.

Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денари

Од вечерва на полноќ повторно се намалуваат цените на бензините и дизелот.

На полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денари

Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар. Еден литар еуросупер-95 ќе чини 82.00 денари, додека еден литар еуросупер-98 ќе чини 84.00 денари.

Цената на дизелот се намалува за 3.50 денари за литар и еден литар еуродизел ќе чини 88.50 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер