ЗабаваФото: Најплатените актерки на светотУбавината, дефинитивно се исплатува. Магазинот „Форбс“ ја објави листата на десетте најплатени ТВ актерки на светот.Најубавата Софија Вергара е воедно и најплатената ТВ актерка на светот. Најплатена телевизиска актерка на светот Софија Вергара со неверојатни 41,5 милиони долари, инаку е редовната учесничка во изборите за најубава жена на светот, Со заработка од 26 милиони долари на второто место е младата и атрактивна Кејли Коуко со 26 милиони долари. Од 3 до 10 место на листата на Форбс на најплатени телевизски актерки се Елен Помпео и Минди Кејлинг со 13 милиони долари. Петат на листата е Маришка Харгитеј со 12, 5 милиони, половина милион долари помалку заработила Џули Боуен. На седмата позиција е Кери Вошингтон со 11 милиони. Листата на десетте најплатени актерки ја затвораат Пријанка Чопра со 10, Робин Рајт со 9 и Поли Поретни со 8,5 милиони долари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЦрногорската мисица Марија, која „леташе орли“ на Мис Универзум: Бев горда Претставничката на Црна Гора на натпреварот Мис Универзум што ќе се одржи на 24 ноември, Марија Александра Ивезај, покажа „двоглав орел“ за време на парадата со костими.Сега таа одговори на прашањата на јавноста за нејзиниот потег за време на презентацијата и рече дека е горда и на своето албанско потекло и на Црна Гора, објави Телеграф. Откако нејзиното претставување на натпреварот Мис Универзум привлече големо внимание, бидејќи покажа „двоглав орел“ на сцената, Марија Александра Ивезај се огласи на социјалните мрежи. - Многу луѓе ме прашаа зошто го покажав албанскиот орел за време на моето претставување на натпреварот Мис Универзум. Размислував за тој момент пред да излезам на сцената и ОДБРАВ да го направам тоа затоа што сакав девојките со албанско потекло од Црна Гора да видат дел од себе таму горе со мене. Двајцата мои родители се родени и израснати во Црна Гора. Моето семејство е од Тузи и пораснав враќајќи се таму секое лето. Тоа што сум Албанка е дел од приказната на моето семејство, а Црна Гора е дел од таа приказна. Кога реков „Црна Гора“ на сцената и го кренав орелот, бев горда и на двете. Дојдов на Мис Универзум со надеж дека луѓето од малцинските заедници во Црна Гора исто така ќе се чувствуваат претставени. Прославувањето на нашето наследство беше еден од најлични начини на кои можев да оддадам почит на земјата што моето семејство ја нарекува дом. Би го направила тоа повторно - напиша таа на Инстаграм. Таа покажа двоглав орел на сцената За потсетување, на 75-от избор за Мис Универзум, имаше неочекуван скандал кога претставничката на Црна Гора, Марија Александра Ивезај, направи гест за време на парадата во национални носии што крена многу прашина. Таа покажа „двоглав орел“ со рацете на сцената, што често се смета за симбол на таканаречената голема Албанија.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос ГерапетритисДенеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис.Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на министерскиот состанок на земјите од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Атина. Министерот Муцунски се заблагодари за поканата за учество на состанокот, чиј домаќин беше министерот Герапетритис, како и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, што беше потврдено и во рамките на денешните дискусии. Потенцирајќи ја посветеноста на Владата на целосно спроведување на европската реформска агенда и подготовка на земјата за ЕУ-интегрирање, согласно со Копенхагенските критериуми, министерот Муцунски изрази очекување грчката поддршка да продолжи и во следниот период, како придонес кон европската интеграција и развојот на целиот регион. Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за натамошно зајакнување на соработката преку засилен политички дијалог, приоритет на инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, како и внесување нова динамика во економската соработка, културата и туризмот. Соговорниците разговараа и за изнаоѓање практично решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната. На средбата беше потврдена и важноста од почитувањето на меѓународното јавно право, како и определбата билатералните односи и натаму да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО, соопштуваат од МНРи НТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МетеоУтре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачности температура до 12 степени Времето утре ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 5 Попова Шапка, 6 Лазарополе, 9 Крушево, Маврови Анови, 11 Крива Паланка, 12 Тетово, 13 Охрид, 14 Претор, Прилеп, 15 Берово, 16 Скопје-Зајчев Рид 17 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Виница, 18 Штип, Демир Капија, 19 Струмица, 20 Кавадарци, 22 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 18 Лазарополе, 11 Пожаране, 10 Охрид, 9 Попова Шапка, 7 Крушево, 6 Крива Паланка, 4 Тетово, Претор, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 1 Велес, Штип, Виница, Демир Капија, Берово, Тополчани, Ѓуриште. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Претпладне времето беше променливо со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, а наместа повремено засилен до силен ветер од западен и југозападен правец (во делови од Пелагонија со брзина од 65 до 85, во источните деелови од 55 до 65, а во североисточните од 60 km/h). Попладнево времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север врнежите од дожд на некои од повисоките места во западните делови ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. До крајот на денот врнежливо ќе биде во западните делови, и во текот на ноќта таму ќе се задржи пооблачно. Во останатите делови ќе има постепено намалување на облачноста, и во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено и силен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе продолжи и во текот на ноќта. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter