Фото: Најимпресивните куќи на 20 век - Канал 5

Фото: Најимпресивните куќи на 20 век

За архитектите дефинитивно ниту една замисла не е невозможна. Без разлика дали станува збор за сокриена куќа во шума или куќа за одмор во пустина.

Фото: Најимпресивните куќи на 20 век

„ Graham House“ во Канада.

Познатиот архитект од Канада Артур Ериксон ја дизајнирал оваа куќа на неверојатно стрмно место во Ванкувер .

Сега покојниот Ериксон напишал: „Грахамовата куќа беше пресудна за мојата репутација на архитект кај кого одите кога имате невозможна идеја и замисла“.

„Desert House“ – САД.

Елегантно одморалиште во пустина кое личи на кутија од греди, од кое има прекрасен поглед на палми и небо. Овој дом ги урива стереотипите за изгледот на куќите во пустина.

„Edgeland House“ - САД

Покривот од трева овозможува приватност од улицата и изолација од топлина. Куќата е топла во зима и студена во лето. Недостатокот од ходник меѓу дневната и спалната е намерна , сопственикот на куќата што повеќе да престојува на отворено.

„House in Itsuur“ – Јапонија.

Оваа куќа е сместена меѓу два столба кои овозможуваат остатокот од градбата да биде вградена во брдо. Фасадата има надворешни летвички кои ја регулираат температурата, пуштаат светлина и даваат приватност.

„Bakkaflöt 1“ – Исланд

Куќата е изградена од бетонска структура со користење на специјални техники, како и голем дел од мебелот, како каучот и кадата.

„The House on the Cliff“, - Шпанија.

Опишувајќи ја оваа куќа архитектите изјавиле. „Металниот покрив создава пресметана естетска нејаснотија меѓу природното и уметничкото, помеѓу кожата од змеј поставена во земја, гледано одоздола и морските бранови , гледано одозгора“.

„Dragspel House“ Шведска.

„Dragspel“ на шведски значи хармоника, а се однесува на наборите на црвените набори од продолжението на кабината кои може да се прилагодат на своето опкружување во зависност од временските услови.

„Till House“ – Чиле.

Оваа куќа е невидлива од патот, а целиот кров и е масовна отворена палуба до која се доаѓа преку тесен ходник. Тука е и дрвениот џакузи во кое водата се загрева со огин.

„Kirsch Residence“ – САД

Затворена со бетон и со необичен геометриски облик, оваа резиденција оддава чувство на сигурност. Но, тоа не е се, острите кровови и прозорци дизајнирани за енергетска ефикасноста и максимално зголемување на енергетскиот додаток.

„Malator house“ – Велс.

Изградена е во 1998 година во стил на зелена куќа, со кров од шперплочи кои се камуфлирани со трева, која ја прави скоро невидлива. Единствениот траг која упатува дека во оваа куќа може да се живее е прозорецот со необичен облик, како очи кои гледаат во морето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер