3ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик
ЗабаваФото: Најдобрата светска тенисерка во најопуштеното издание досегаНајдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, вистински ужива во последните неколку денови.Нејзините фотографии од краткиот одмор го преплавија интернетот. Прво, сексапилната белоруска „тигрица“ и нејзината најдобра пријателка Паула Бадоса го „запалија“ интернетот со објави од Дубаи, а сега атрактивната Арина објави жешки фотографии. Најдобрата на светот навистина се опушти во последните денови. Пред настапот на финалниот турнир, Арина особено ги воодушеви фановите позирајќи во минијатурно бикини, успешно истакнувајќи ја својата совршена ставца и шармантна женственост со своите грациозни пози. „Колаче“, „Жешко девојче“, „Совршено и најсекси тело што некогаш сум го видела кај жена“, „Број еден!! „Во секоја смисла!“ лојалните фанови на тенисерката ја обсипаа со позитивни коментари. Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
КултураОхридско лето: Прекрасна вечер на класична музика со маестро Александар МелниковВечер исполнета со врвна класична музика во извонредниот амбиент на црквата „Света Софија“ приреди руско-германскиот пијанист Александер Мелников кој настапи во рамки на фестивалот „Охридско лето“.Мелников важи за еден од најистакнатите пијанисти на својата генерација, препознатлив по својата виртуозност, длабока музикалност и интерпретации на дела од различни епохи. На репертоарот беше познатата Фантазија во Це-дур „Вандерер“, компонирана во 1822 година за соло пијано од Франц Шуберт. Ова е технички најтешката и најбараната композиција за пијано на Шуберт која Мелникот ја долови совршено. Пред да биде награден од фестивалската публика со бисеви, пијанистот го отсвири и ремек-делото на музичкиот импресионизам „12 Прелудиуми“ од прочуениот француски композитор Клод Дебиси. -Ги свирев делата што најмногу ми се допаѓаат. Драго ми е што сум првпат во овој прекрасен град. Амбиентот во кој настапив е мошне инспиративен, рече Мелников. Како солист, Александер Мелников има остварено настапи со светски познати оркестри и ансамбли. Особено е активен на полето на камерната музика, настапувајќи во пијано дуо со Андреас Штајер, редовно концертирајќи со виолончелистот Жан-Гијен Кејраси, а исто така е и долгогодишен дуо партнер на реномираната виолинистка Изабел Фауст со која се добитници на наградата „Грамафон“ и се номинирани за наградата „Греми“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата?По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа. Оваа промена повторно го отвора прашањето: што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ? Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата вредност за ВМРО-ОКГ се сведува на улогата на офицер за врска со Белград. Како таков, Стоилковиќ обезбедува директен канал за комуникација, влијание и пристап до информации внатре во извршната власт на Македонија - токму она што одговара на интересите на „српскиот свет“ и регионалната политика на СНС. Ако Стоилковиќ „добро ја работел работата“ на претходната позиција, зошто воопшто е преместен? Зошто беше меѓу министрите со најмногу критики и барања за смена, а сепак е задржан во новиот состав на Владата? Единственото логично објаснување е дека Мицкоски попушта на надворешни притисоци, пред сè од Белград за да го задржи лојалниот партнер блиску до центрите на одлучување. Поставувањето на Стоилковиќ на министерска позиција не е случајно. Тоа е гаранција дека влијанието на Вучиќ ќе остане институционализирано во нашата Влада. Мицкоски, наместо да им служи на граѓаните на Македонија, со ваков кабинет продолжува да им служи на интересите на трети страни. Особено загрижува што човек со таква позиција во Собранието физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески и отворено пцуеше пратеници. Човек кој јавно се фали со врските со „Ноќните волци“ на Путин, кој неодамна патуваше во Кина заедно со српската делегација и таму ја промовираше кинеската комунистичка партија, а кој е близок и со бизнис-партнерот на Мицкоски - почесниот конзул во Србија Душан Адамовиќ, не може да биде министер во Владата на Македонија. Повикуваме премиерот Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата и каков конкретен придонес очекува од него на новата позиција, освен одржување на врските со Белград и странските центри на моќ. Српскиот народ не е Вучиќ, а СНС не е Србија. Народот во Македонија тоа многу добро го знае. Скопје, 15.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законикПолитичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат.Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, другите демонстративно ги одбиваа, а во суштина сите работат за ист исход, да нема договор. Тоа е добро осмислено сценарио на СДС, Левица и ДУИ, а не политичко несогласување. СДС, Левица и ДУИ немаат интерес да се усвојат современи изборни правила, ниту да се олесни гласањето на македонската дијаспора. Наместо реформи, тие избираат блокади, калкулации и политички пресметки. Причината е јасна, а тоа е подготовка на сопствено алиби за следниот изборен циклус. Едните ќе се повикуваат на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите ќе зборуваат за условите за изборна кампања, а третите ќе тврдат дека не била почитувана волјата на граѓаните. Тоа се изговорите што однапред ги подготвуваат затоа што немаат аргументи. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55