Фото: Најбогатата Србинка се соблече во бикини - Канал 5

Фото: Најбогатата Србинка се соблече во бикини

Манекенката Аника Божиќ се најде на листата на најбогати Србинки, а на социјалните мрежи често се фали со својот луксузен живот.

Фото: Најбогатата Србинка се соблече во бикини

Аника моментално престојува во Дубаи, од каде ги објави своите најнови фотографии и ги покажа своите облини во минијатурен костим за капење.

Имено, манекенката покажа како изгледа на 38 години, а коментарите за нејзината совршена линија се само позитивни.

Аника Божиќ е родум од Сремска Митровица, а кариерата како модел ја започна во Србија. Моментално живее на две локации - во центарот на Париз и во Египет.

Откако е во брак со бизнисменот, милијардер од Палестина, Јусуф ал Сарај влезе во елитното друшвои на богати Србинки и го доби добила прекарот „арапска принцеза“.

Љупчо Ристовски и Сафет Бишевац во „Само Вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во „Само вистина“ ќе дебатираат Љупчо Ристовски и Сафет Бишевац.

Љупчо Ристовски и Сафет Бишевац во „Само Вистина“

Таравари во власт или во опозиција, ќе се одрази ли одлуката на владејачката коалиција?

„Вреди“ ќе стане една партија, какви политички комбинаторики се возможни за повеќе челници и места во општините?

Реформската агенда, пред пратениците, како до забрзување на ЕУ-интеграции и зајакнување на клучните институции, колку време ќе ги чекаме реформите на дело?

Непристрасна истрага, или поделба на ваши и наши, како ќе кулуминира истрагата за кочанската трагедија?

Вечерва Елизабета Галевска со Љупчо Ристовски и Сафет Бишевац.

Мрсната и слатка храна може да ги поремети функциите на мозокот, покажа најновата студија

Исхраната богата со масти и шеќер е поврзана со нарушена функција на мозокот. Ова го покажа новото истражување на Универзитетот во Сиднеј.

Мрсната и слатка храна може да ги поремети функциите на мозокот, покажа најновата студија

Ова откритие е дополнителен доказ за негативното влијание на диетата богата со масти и шеќер (HFHS) врз когнитивните способности, соопшти Универзитетот во Сиднеј.

Истражувањето, објавено во International Journal of Obesity, е првото кое ја тестира врската помеѓу диетата HFHS и просторната навигација, велат тие. Просторната навигација е способност да се научи и запомни патеката од една локација до друга, процес кој може да го одреди здравјето на хипокампусот.

Многу е веројатно, додаваат тие, дека овие ефекти се локализирани на хипокампусот, структура на мозокот важна за просторна навигација и формирање на меморијата, наместо да влијаат на целиот мозок.

- Добрата вест е што мислиме дека ова е ситуација која лесно може да се промени. Промените во исхраната можат да го подобрат здравјето на хипокампусот, а со тоа и нашата способност да се движиме во околината, особено кога истражуваме нов град или учиме нов пат до дома, рече д-р Тран.

Истражувачкиот тим регрутирал 55 студенти на возраст од 18 до 38 години. Секој од нив пополнил прашалник за внесот на масна и слатка храна. Била тестирана и нивната меморија, а бил забележан и индексот на телесна маса.

За време на тестирањето, учесниците морале да се движат низ лавиринт за виртуелна реалност и шест пати да најдат ковчег со богатство. Лавиринтот имал знаменитости што учесникот можел да ги искористи за да ја запомни патеката. Почетните и крајните точки останале исти во секое испитување.

Доколку учесниците го пронашле богатството за помалку од четири минути, тие оделе на следниот тест. Доколку не успеале да го пронајдат богатството, биле преместени на крајната локација и им биле дадени 10 секунди да се навикнат на локацијата пред да се обидат повторно. При седмиот обид, богатството ќе биде отстрането, но учесниците морале да ја најдат локацијата. Оние со помалку масти и шеќер во исхраната можеле да ја пронајдат локацијата со многу поголема точност од другите.

- Одамна ни е познато дека шеќерот и заситените масти го зголемуваат ризикот од дебелеење, метаболички и кардиоваскуларни болести, како и некои видови на рак. Откривме дека овие нездрави навики се поврзани со когнитивниот пад во средната возраст. Ова истражување ни дава докази дека исхраната е важна за функцијата на мозокот во раната зрелост“, вели д-р Доминик Тран од Универзитетот во Сиднеј.

Муцунски се сретна со вршителот на должност во катарската амбасада и амбасадорот на Казахстан

Одвоени средби на министерот Муцунски со вршителот на должност во катарската амбасада во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, и амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.

Муцунски се сретна со вршителот на должност во катарската амбасада и амбасадорот на Казахстан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими вршителот на должност во катарската амбасада во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, и амбасадорот на Република Казахстан во Скопје, Сатибалди Буршаков.

На средбата со вршителот на должност во амбасадата на Катар во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, при што беше нагласена заедничката заложба за динамизирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво. Во делот на билатералната соработка, соговорниците ја истакнаа потребата од продлабочување на економските и трговските односи, како и од зголемување на обемот на катарски гринфилд и браунфилд директни инвестиции во нашата земја.

На средбата со амбасадорот на Република Казахстан во Скопје, Сатибалди Буршаков, соговорниците констатираа дека билатералните односи помеѓу двете земји се добри, при што ја нагласија потребата од нивно понатамошно продлабочување, особено во економската сфера, како и зајакнување на севкупната билатерална соработка во иднина. Беше изразено и заедничко задоволство од досегашната одлична соработка на мултилатерален план и меѓусебната поддршка на кандидатури во рамки на меѓународните организации. Министерот Муцунски и амбасадорот Буршаков разменија мислења и за други актуелни прашања од заемен интерес, изразувајќи уверување дека добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи со засилен интензитет,с е наведува во соопштението.

притисни ентер