3Средба на Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика
ЗабаваФото: Мисица била бремена 4 месеци на избор, а никој не знаел за тоаАктуелната Мис Канада, Џејми Ванденберг, ја изненади јавноста со емотивно откритие за нејзиното учество на изборот за Мис Универзум 2025. Убавата Канаѓанка откри дека била бремена за време на изборот. Денес, дваесет и деветгодишната убавица објави видео на Инстаграм кое ги трогна нејзините следбеници. На првата снимка, таа може да се види како самоуверено оди по пистата во дводелен костим за капење за време на изборот за убавина одржан минатиот ноември во Тајланд. Само три месеци подоцна, во друго видео, таа го распакува детското седиште, додека нејзиниот труднички стомак е јасно видлив. - Од фазата на Мис Универзум до третото тримесечие и поставување детско седиште - напиша таа, а потоа откри што „светот тогаш не знаеше“. - Бев бремена 16 недели кога се натпреварував во костим за капење и влегов во Топ 30. Носев нов живот, додека остварував сон за кој мислев дека е невозможен. Денес можам гордо да кажам - бремена сум - рече идната мајка. Убавицата потсети и дека правилата на изборот за Мис Универзум се променети во последните години за да бидат поинклузивни. Претходно, право на учество имаа само слободни жени на возраст меѓу 18 и 28 години, додека од 2023 година старосната граница е укината, а вратата е отворена за мажени жени и мајки. Тагови: Мисица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. РадоборСтанува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на часЛишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.Тагови: бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политикаСредба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политикаПретседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со претставниците на Националната фондација за демократија (НФД), Тања Драмац Јириес, заменик-директорка за Европа, и Ардита Абази Имери, програмска директорка во Институтот за европска политика (ИЕП), со кои разговараше за стратешките приоритети за наредните години, со посебен фокус на отвореноста на институцијата кон граѓаните и дигитализацијата на Собранието. За време на средбата, претседателот на Собранието ја истакна својата визија за давање нова димензија на Собранието и негово трансформирање во транспарентна и отворена институција водена од демократските вредности и принципи. Во овој контекст, тој ги информираше за достигнувањата во областа на дигитализацијата, зголемувањето на институционалната транспарентност и поголемата вклученост на граѓанското општество во парламентарните процеси. Претседателот, исто така, стави посебен акцент на важноста на проектите што ја трансформираа интеракцијата на Собранието со јавноста, истакнувајќи ја дебатната анкета, која ја опиша како еден од најуспешните и најпрофесионалните проекти спроведени досега. Овој процес, спроведен во соработка со Институтот за европска политика, овозможи директно вклучување на граѓаните во дискусиите за прашањата од јавен интерес, зајакнувајќи го дијалогот меѓу Собранието и граѓаните. Претставниците на НФД и ИЕП го оценија напредокот постигнат кон модернизацијата и отвореноста на Собранието и ја изразија својата подготвеност да продолжат да ги поддржуваат иницијативите и проектите што ја зајакнуваат демократската култура, политичкиот дијалог и граѓанското учество во парламентарните процеси. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook