Фото: „Mercedes“ го претстави „CLA“ за 2023 - Канал 5

Фото: „Mercedes“ го претстави „CLA“ за 2023

На почетокот на оваа година, „CLA“ доби редизајн, понапредни технологии и надградени мотори.

Фото: „Mercedes“ го претстави „CLA“ за 2023

На почетокот, треба да се каже дека караванот „Shooting Brake“, кој ги доби истите ажурирања, се уште останува во понудата. Двете верзии сега доаѓаат со помодерен преден и заден дел, следејќи ја стилската формула што се гледа во А-класата.

LED светлата сега се стандардни за сите облоги, а сите бензински модели добиваат и „лесен“ хибриден систем стартер-генератор од 48 V.

Големите визуелни промени за моделот претставен пред четири години едноставно не беа неопходни – „CLA“ сè уште изгледа модерно.

Затоа, освен деталите, нема други новости кога станува збор за дизајнот на екстериерот.

Внатрешниот стил исто така ја следи класата „А“, со истата контролна табла. Мултимедијалниот систем стандардно има екран со дијагонала од 10,25 инчи, додека оној пред возачот во основната верзија има дијаметар од 7 инчи.

Со доплата, дигиталната инструмент табла има и дијагонала од 10,25 инчи. Покрај тоа, треба да се спомене и подобрениот систем „MBUX“, а стандардната опрема сега е уште побогата и вклучува волан обложен со кожа, камера за рикверц и „High Beam Assist“.

Палетата вклучува четири бензински мотори (CLA 180, CLA 200, CLA 220 4Matic и CLA 250 4Matic), три дизел мотори (CLA 180 d, CLA 200 d и CLA 220 d) и еден „plug-in“ хибрид (CLA 250e).

Варијантата „Shooting Brake“ не нуди основен бензински мотор.

Интересно е што хибридот номинално ја има истата моќност како порано, но електромоторот сега е посилен за 5 kW.

Достапни се и верзии на „AMG“. „CLA 35 4Matic“ стана „лесен“ хибрид со 306 КС и 400 Nm, кој гарантира забрзување до 100 км/ч за 4,9 секунди.

Посилниот „45 S 4Matic+“ останува непроменет со 421 КС и 500 Nm и спринт до 100 км/ч за 4,1 секунди.

И на крај цените. Се очекува тој да се зголеми, како и дека „CLA“ ќе почне од 40.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Во Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик.

Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол.

Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата.

На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд.

-Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска.

Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите.

„Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант.

Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите.

Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер