Фото: Мерцедес го освежи својот најпрестижен теренец - Канал 5

Фото: Мерцедес го освежи својот најпрестижен теренец

Титулата на најпрестижниот теренец на „Mercedes“ му припаѓа на моделот „GLS“, кој се нуди и во суперлуксузно издание на „Maybach“.

Фото: Мерцедес го освежи својот најпрестижен теренец

„Mercedes“ реши да ја комплетира освежената „SUV“ понуда, што беше логично ако се земе предвид дека низ редизајнот поминаа помалите модели од гамата, „GLA“, „GLB“ и „GLE“.

Сепак, редизајнираниот „GLS“ не се наметнува на некои револуционерни новитети, туку тие се изведени во дискретна мерка што ќе ја забележи само искусно око.

Така, на предната страна на маската има четири хоризонтални летви, предните влезови се променети по примерот на моделот GLE, а одзади се гледаат нови светла.

Листата на визуелни новитети завршува со нов дизајн на бандажи од 20 инчи.

Ако се одлучите за„ Off-Road Engineering Package“, ќе добиете и заштита на подот и дополнителни 30 mm растојание од подлогата - доволна причина да го изведете овој луксузен седум седишта надвор од патот.

Во кабината, корисниците прво ќе го забележат подобрениот мултимедијален систем „MBUX“ со три предефинирани стилови на прикажување.

Новина е „off-road“ режимот со приказ на компасот, вртење на воланот и аглите на возилото во однос на хоризонталната површина.

Доколку го изберете пакетот „Parking“, сметајте на поглед под предниот дел на возилото благодарение на камерите.

Во понудата има и нови материјали во кабината, а некои елементи се дури и позајмени од старата на линија „Maybach“.

Палетата на мотори вклучува само „4Matic“ опции, имено бензинските мотори „GLS 450“ (381 КС и 500 Nm) и „GLS 580“ (517 КС и 730 Nm), и „GLS 350d“ (269 КС и 650 Nm) и „GLS 450d“ (367 КС и 750 Nm) дизел мотори.

Сите доаѓаат во форма на благи хибриди со 48V технологија која дава дополнителни 20 КС и 200 Nm. Исклучок е „GLS 580“ со дополнителна функција за засилување од 22 КС и 250 Nm.

Посебна приказна е верзијата „AMG“, „GLS 63 4Matic+“, која визуелно се разликува од остатокот од гамата и која има побогата опрема и моќен 4.0 V8 бензински мотор со 612 КС и 850 Nm.

И тука има електричен засилување од 22 КС и 250 Nm. До 100 км/ч достигнува за 4,2 секунди, а може да достигне 280 км/ч.

Друга специјална верзија е „GLS 600 4Matic“ во варијанта „Maybach“. Овде, со двобојна надворешност и многу хром, се нуди сиот луксуз што можете да го замислите, се со цел да се доближи „GLS“ до неговите најголеми конкуренти, „SUV“ моделите на брендовите „Bentley“ и „Rolls-Royce“.

Поставена на тркала од 23 инчи, оваа верзија е достапна исклучиво со V8 мотор кој овде развива 565 КС и 730 Nm. Послаб е од „AMG“, но забрзувањето е идентично, а максималното е 250 км/ч.

Почетната цена на „GLS“ ќе биде околу 100.000 евра, додека „AMG“ и „Maybach“ најверојатно ќе бидат поскапи за 80 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Од рециклиран био отпад до поубави и позелени училишни дворови

Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.

О. Карпош: Од рециклиран био отпад до поубави и позелени училишни дворови

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведен од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), во партнерство со Eco-Logic и Centar for Environmental Democracy- Florozon, учениците од ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Јан Амос Коменски“, успешно ја реализираа акцијата за компостирање на собраниот органски отпад. Целта на овој проект беше добивање на природен и квалитетен компост преку правилен процес на третман на органскиот отпад.

Произведениот компост, основците од „Јан Амос Коменски“ го употребија за уредување и раззеленување на училишниот двор, додека пак основците од „Аврам Писевски“, добиениот компост го искористија за уредување и збогатување на почвата во билната градина и целосно раззеленување на дворот на училиштето. Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија

Четириесет и четиригодишен маж трагично загина во близина на водопадот Савица во Словенија, откако паднал во провалија длабока 60 метри додека се обидуваше да го спаси својот седумгодишен син. 

Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија

Момчето, кое прво паднало во бездната, го преживеало падот, но се здобило со тешки физички повреди.

Несреќата се случила во саботата навечер, а според информациите од Полициската управа во Крањ, странско четиричлено семејство го посетувало водопадот Савица.

При враќањето, тие застанале на одморалиште со маса и клупи. Во тој момент, седумгодишното момче се оддалечило од семејството, а набрзо потоа се слушнале неговите повици.

Таткото (44) веднаш потрчал во правецот од каде што доаѓале повиците за помош, но притоа и самиот паднал во страшната длабочина.

Неговото тело подоцна било пронајдено во коритото на реката Савица, а на истото место било пронајдено и тешко повреденото момче.

Акцијата за спасување ја спровеле припадници на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ, како и планинската полиција.

Поради исклучително тешкиот и непристапен терен, телото на несреќниот човек било извлечено со помош на јажиња, додека момчето било пренесено во болница со хеликоптер на полицијата.

Припадниците на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ објавија емотивна порака на Фејсбук, опишувајќи го страшниот повик што го добиле: „Дете падна во провалија. Дали постои пострашен повик за интервенција?“

Тие истакнаа дека на местото на несреќата пристигнале речиси веднаш, бидејќи дел од тимот веќе бил на теренска вежба во близина. „Се спуштивме до речното корито, кое беше речиси 60 метри под нас.

Заедно со колегите од Брник, ги подготвивме момчето и неговиот татко за транспорт – едниот со хеликоптер до болница, а другиот за неговото последно патување. Често зборуваме за невидливи сили... Вчера тие очигледно ги насочија сите свои вештини кон спасување на младиот живот, додека снемаа сили за постариот“, опишаа спасувачите. Тие предупредија дека несреќите во планините ретко се резултат на една единствена грешка, туку на сплет од околности и одлуки што за неколку секунди водат кон трагедија. На крајот, тие упатија искрено сочувство до семејството и апелираа до јавноста да се воздржи од непотребни коментари, со длабока надеж дека момчето што поскоро ќе закрепне од повредите и траумата. Полицијата продолжува да собира информации, а надлежното државно обвинителство ќе извести за сите утврдени факти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничка

Полициски службеници од СВР Куманово упасиле 40 годишен жител од Куманово поради напад на малолетничка.

Уапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничка

-На 20.09.2026 во 02:50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (40) од Куманово, затоа што на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово физички нападнала малолетничка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер