Фото: Меланија Трамп знае како да носи елегантни летни панталони - Канал 5

Фото: Меланија Трамп знае како да носи елегантни летни панталони

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, фасцинира на секој чекор.

Фото: Меланија Трамп знае како да носи елегантни летни панталони

Голем број луѓе откако убавата Словенка влезе во Белата куќа се почесто уживаат во нејзините модни изданија.

Поранешната манекенка секогаш е на врвот на задачата, а софистицираноста и елеганцијата ѝ се вродени. Таа знае како да се справи дури и со ризични модни парчиња, а нешто такво ни покажа и на пикникот на Конгресот на тревникот на Белата куќа.

Меланија го избра вистинскиот летен аутфит, а главна ѕвезда беа нејзините цветни панталони - Долче и Габана.

Моделот со впечатливи божури и долги нозе ги остави сите без зборови, а познато е дека поради овој дезен, честопати овие панталони некогаш може да изгледааат и премногу.

Поднесено обвинение против две лица за напад на телевизиска екипа

Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува.

Поднесено обвинение против две лица за напад на телевизиска екипа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

На 9 јули, во близина на отпад за старо железо на улицата “Индира Ганди” во Скопје, обвинетите маж и жена заедно, со употреба на сила ги попречиле оштетените новинар и снимател на ТВ Алсат М во нивините службени дејствија, односно да известуваат за настанатиот пожар на отпадот во Визбегово.

Новинарот и снимателот, со телевизиски беџови, пристигнале на локацијата за да снимаат прилог, но двајцата обвинети најпрво им кажале дека немаат дозвола за снимање затоа што отпадот бил приватен имот на кој тие се сопственици. Кога телевизиската екипа сепак продолжила со вршење на нивната службена дејност, најпрво жената физички го нападнала снимателот, го удрила со нога и со бокс, го фатила за врат и ја превртела и ја оштетила камерата. Новинарот застанал меѓу нив за да го заштити снимателот и опремата и започнал да снима со мобилен телефон.

Обвинетата го удрила и него со нога, му го удрила телефонот кој паднал на земја и му го одзела. Во тој момент пристапил и обвинетиот со закани и навреди, па на новинарот му удрил шлаканица и го избркал од местото.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Во исто време, продолжува и предистражната постапка во однос на настанатиот пожар на отпадот и последиците од него. Надлежниот јавен обвинител и вчера вршеше увид на лице место на локацијата која е обезбедена. До Основното јавно обвинителство Скопје се доставени и резултатите од мерењата на токсичните материи во воздухот во Скопје непосредно по пожарот што по барање на надлежниот јавен обвинител ги изврши специјален тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на АРМ. Тие резултати се анализираат, а во меѓувреме се преземаат и други дејствија со цел да се испитаат сите сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи.

Протечена фотографија од Михаел Шумахер

Протечена фотографија од Михаел Шумахер, момент на невнимание од неговата сопруга Корина откри досега невидена фотка од легендарниот шампион.

Протечена фотографија од Михаел Шумахер

Најновата фотографија од седумкратниот светски шампион во Форнула1, Михаел Шумахер предизвика вистинска бура во Германија.

Сопругата на легендарниот возач на Формула 1, Корина Шумахер, го отклучила телефонот за време на натпревар во јавање коњи, што го снимил фотографот на „Билд“.

По повредата на главата која Михаел ја заработи на скијање на француските Алпи на 29 декември во далечната 2013 неговиот живот драстично се промени. Семејството во тајност се грижи за големиот шампион.

Животот на славниот Германец е внимателно чуван од очите на јавноста.

Но, викеднов јавноста виде досега непозната слика од популарниот Шуми.

Фотограф на Билд го снимил телефонот на Корина за време на на годишното првенство во јавање организирано од Корина Шумахер во Гиврен, Швајцарија.

Беше 20:38 часот кога Корина одеше по песокот на затворената арена кон церемонијата на доделување награди. Го носи телефонот на висечки ланец, секогаш со себе.

И потоа одеднаш се појави тој. Михаел Шумахер! Неговата фотографија се појави на екранот на телефонот на Корин неколку секунди, а подолу се појави порака.

Фотографијата, црно-бел портрет, не позната на фановите на Шумахер.

Според „Билда“, таа е снимена помеѓу 2012 и 2013 година.

Три месеци затворска казна доби обвинетиот за убиството на кучето Феликс

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди.

Три месеци затворска казна доби обвинетиот за убиството на кучето Феликс

Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Заедно со Билбиловски, го врзале кучето со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво.

Судот го осуди Крстевски на три месеци затвор, а Билбиловски доби парична казна од сто дневни глоби, со вредност од 10 евра по глоба, во вкупен износ од 1.000 евра.

Делото е квалификувано според член 233 став 1 од Кривичниот законик, кој предвидува парична казна или затвор до три години за оној што ќе усмрти животно без причина или ќе го изложи на непотребни маки и болки.

Судењето го водеше судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Зоран Здравев. Ова е прва пресуда со затворска казна за овој вид кривично дело

притисни ентер