Фото: Манекенката ги почести фановите со бомбастичното деколте

Алексис Рен е преубава манекенка која сака да провоцира.

Така и овој пар, оваа егзотична убавица позираше за насловната страна на признатиот магазин „Максим“.

Алексис своите фанови ги остави без здив позирајќи топлес.

Фотографијата во краток рок добила неколку илјади лајкови. Манекенката на социјалната мрежа Инстаграм има дури 13 милиони следбеници.

Мицкоски: Масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства

Најпрвин добар ден на сите, благодарам на интересот.

Имам три пораки, првата порака е да ги повикам граѓаните во Македонија масовно да излезат и да гласаат. Затоа што само на овој начин можеме да одлучуваме за нашата заедничка иднина. Ова се парламентарни и претседателски избори, масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина.

Втората моја порака е дека за време на кампањата предупредував на две можни сценарија кои денеска гледаме дека се реалност. Првото сценарио е на онаа група политичари кои што во своето име го имаат зборот „европски“, а од „европски“ немаат ниту „е“. Тие за жал се уште се заглавени во минатото, се уште се заглавени во 18-тиот век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики кои што овие политичари кои што во своето име „европски“ ја злоупотребуваат Европа. Јас сум убеден дека дури и Европа се срами од овие луѓе.

И третата моја порака е до вас новинарите, ви благодарам што бевте истрајни и издржливи во оваа 35 дневна исцрпувачка кампања, што објективно известувавте од сето она што се случуваше во овие 35 дена. И ви посакувам успешна новинарска кариера во иднина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Кузеска: Имавме мирен изборен ден, благодарност до граѓаните

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска одржа прес конференција на која што констатира дека денеска имало мирен изборен ден.

Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година, се наведува во соопштението од неговиот тим.

Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува изборниот процес и за претседател и за пратеници да завршат во мирна атмосфера.

„Според податоците, овој втор изборен круг за претседател и изборите за парламент поминуваат во мирна атмосфера барем во првите неколку саати од изборниот ден. Се надевам дека така и ќе завршат, како што и личи на држава која е веќе три и пол децении во демократија.

Има информации дека на некои места, во некои општини, во некои изборни единици постојат обиди за организиран бојкот, значи за неприфаќање на второто ливче за претседател. Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги осудам однапред, затоа што мислам дека не приличи на една демократија ако се ограничува правото на избор на луѓето кои дошле на гласачко место. Тој што дошол на гласачко место треба спрема сопствена волја да реши дали да гласа на двата избора или на едниот избор, меѓутоа велам тоа се засега информации кои не се потврдени, ако се потврдат тоа не зборува добро за состојбата на македонската демократија.

Јас се надевам дека до крајот на денот ќе остане мирно, процесот ќе биде транспарентен и сите учесници во изборниот процес и по завршување на гласањето во 19:00 часот ќе го дочекаат пребројувањето на резултатите и ќе им честитаат на изборните победници.“

притисни ентер