3НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
Шоу бизФото: Мадона се пофали со чанта од 100.000 долари, може да се нарача само со покана!Поп дивата Мадона покажа луксузна чанта вредна 100.000 долари, или околу 86.000 евра, на својот Инстаграм.Станува збор за модел на „Нирвана“ од модната куќа „Аупен“, и додека чантата е омилен додаток за други познати личности, моделот на поп-кралицата е различен од останатите. Чантата е изработена од крокодилска кожа и може да се нарача само со покана. Вакви слични чанти, поевтини модели од телешка кожа можат да се купат за 340 долари. Брендот „Aupen“ е релативно нов бренд кој е основан во 2022 година од сингапурскиот дизајнер и претприемач Николас Тан. Покрај Мадона, сопственичка на луксузната чанта е Тејлор Свифт, која е меѓу првите познати личности видени со оваа чанта, а ја носеше во 2023 година на свадбата на Џек Антоноф и Маргарет Квејли.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧетворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенствоГрупната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот. Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија. Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција. Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули. Пинг-понгарска федерација на МакедонијаТагови: пинг понг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезонаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите. На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter