Во долгогодишната успешна кариера одличниот центарфор ги носеше дресовите на Динамо Загреб, Марсонија, Ал Духаил, Волфсбург, Јувентус, Атлетико и Милан во кои дефинитивно заработил милиони кои сега му обезбедуваат мирна иднина и старост.


Порталот „CA Knowledge“ пресметал дека популарниот Манџо ’тежи’ 35 милиони долари.



Поранешниот репрезентативец и поранешен помошник селектор на хрватската фудбалска репрезентација, откако пред неколку месеци ја напушти клупата на популарните „ватрени“ одлучи да влезе во менаџерските води.


Покрај тоа што продолжи да ја практикува својата најголема љубов - фудбалот - Манџукиќ дефинитовно размислува за живото и по фудбалот.

Тој е влезен и во бизнис водите и е директор на компанијата Вила Брач со седиште во Загреб. Тој поседува и луксузна вила на Брач, која изгледа навистина совршено.


Марио лукузната вила на Брач ја издава за туристи секако кои имаат подлабок џеб.


Вилата има 5 спални соби, 5 бањи, надворешен загреан базен од 20 м2, а погоден е за 10 лица.

Секако, луксузот доаѓа со цена која не е за секого. Имено, ноќевање чини 1.300 евра.
