ЖивотФото: Луѓе во црно на стадионите низ Европа, нивни симболи и во Рио и во Њујорк!?Изминатиов викенд на стадионите на Челси, Баерн и на Јувентус можела да се види мистериозна група на луѓе облечени во црно, со необични знакови на градите. Истите знакови се појавиле и во Њујорк и во Рио де Жанеиро. Иако на прв поглед изгледа како мистерија, се уште неофицијални информации говорат дека станува збор за добро смислена кампања на компанијата Самсунг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денариОд вечерва на полноќ повторно се намалуваат цените на бензините и дизелот.Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар. Еден литар еуросупер-95 ќе чини 82.00 денари, додека еден литар еуросупер-98 ќе чини 84.00 денари. Цената на дизелот се намалува за 3.50 денари за литар и еден литар еуродизел ќе чини 88.50 денари.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на властаФилипче го повика евроамбасадорот Михалис Рокас да помогне во интерес на граѓаните и европската индина на земјата.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции го повика евроамбасадорот Михалис Рокас да помогне во интерес на граѓаните и европската индина на земјата посочувајќи дека на Македонија ѝ е потребна помош од ЕУ во соочувањето со пропагандата со која власта со години ги претставува чекорите кон членство во ЕУ како предавство. „И сега ќе го повикам тука на помош и можеби да коментира во даден момент кога ќе сака евроамбасадорот Рокас. По примерот на претседателката Фон дер Лајен којашто кажа дека нас не чекаат во Европа со нашиот идентитет и јазик. Зарем не е тоа најдобар и најголем сигнал дека оваа политика на оваа власт изминативе години, не само од 24, туку и претходно, дека сѐ што направи СДСМ е предавничка политика, практично паѓа во вода.“ рече Филипче. Тој посочи дека со обвинувањата на Христијан Мицкоски и на владејачката гарнитура дека СДСМ водел предавнички политики, индиректно се обвинува и Европската Унија дека уценува земја кандидат за членство. Филипче потсети на пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Македонија ја чекаат во Европа со својот идентитет и јазик. „Зошто никој не збори за Европа? Па затоа што синоним за Европа стана предавство благодарение на оваа пропаганда. Тоа стана Европа. Чекај да не зборам, ќе ме направат предавник. Зошто? Затоа што виткам кичма“, рече Филипче. Филипче посочи дека на Македонија ѝ е потребна помош од ЕУ во соочувањето со пропагандата со која власта со години ги претставува чекорите кон членство во ЕУ како предавство. „Предавничка ли е, амбасадоре, тоа што треба да се случи? Има ли предавство зад уставните измени или нема? Треба помош од вас? Нас ни треба, на државата ѝ треба, на граѓаните, на Европска унија ѝ треба помош“, рече Филипче. Осврнувајќи се на изјавите на Мицкоски за Преспанскиот договор, Филипче посочи дека премиерот во странство признава дека договорот го потврдува македонскиот идентитет. „Епа двојни стандарди. Еден говор за странство, друг за дома“, рече тој. Филипче оцени дека извештајот на Европската комисија е катастрофален и укажа на отсуството на напредок во правосудството, борбата против корупцијата, изборното законодавство и медиумите. Тој посочи дека Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија имаат јасен патоказ за следните чекори кон ЕУ, додека Македонија, која беше во пар со Албанија, остана надвор од таа група. „Национално предавство ли е? Или е само една силна лажна кампања со цел да се држи земјава во изолација, додека цел регион оди напред, а ние гледаме како го пропуштаме можеби и последниот воз“, праша Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Собранието одржана јавна расправа за Законот за органите на државната управаДенеска, во Собранието, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на 90-та седница, одржа јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа.Со овој закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа. Органите на државната управа се дел од извршната власт на Република Северна Македонија кои се основаат во областите од значење за државата заради ефикасно извршување на нејзините функции и остварување на правата, должностите и правните интереси на граѓаните и правните лица. Основањето и работата на министерствата, органите на државната управа во состав на министерствата и управните организации се уредуваат со овој закон. Јавната расправа ја отвори претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, кој ги поздрави присутните пратеници, универзитетските професори и претставниците на заинтересираната јавност. Притоа, го образложи планираниот тек на денешната јавна расправа, посочувајќи дека станува збор за законско решение за чие донесување е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Потоа, збор му беше даден на предлагачот на Законот – Министерството за јавна администрација, претставувано од министерот Горан Минчев. Министерот Минчев го презентираше предложеното законско решение, нагласувајќи дека станува збор за закон со кој се уредува организацијата на државната управа и се воведуваат системски правила насочени кон унапредување на нејзиното функционирање и зголемување на ефикасноста на јавната администрација. Тој посочи дека една од основните цели на Законот е појасно разграничување на надлежностите на институциите, со што тие ќе се надополнуваат во своето работење, наместо да доаѓа до преклопување на нивните функции. Министерот истакна дека јавната расправа е од исклучителна важност во процесот пред донесувањето на Законот, нагласувајќи дека Министерството останува отворено за предлози и сугестии со цел дополнително унапредување на законското решение пред неговата практична примена. По завршувањето на дискусијата, последен се обрати министерот Минчев, кој истакна дека Министерството внимателно ќе ги разгледа и ќе ги земе предвид забелешките и предлозите изнесени од страна на експертската јавност.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28