Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
2Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
3Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
БалканФото: „Луд“ возач од екс ЈУ, „дрифташе“ на легендарната Планица Срамен чин на возач на автомобил со регистарска табличка од од поранешна Југославија на светски познатата ски-скокалница во Планица, Словенија.Голема материјална штета е предизвикана во словенечкиот нордиски центар Планица. Во саботата попладне, помеѓу 16 и 17 часот, непознат возач управувал со автомобил со странски регистарски таблички и „се движел“ низ снегот во подножјето на детските и младинските скијачки скокалници. Со тоа, засега анонимниот возач го оштетил тревниот тепих и долната структура на скијачките скокалници, а неговото несовесно возење е снимено од безбедносните камери. Полицијата од Крањ го истражува инцидентот и сè уште го бара сторителот, кој управувал со автомобил регистриран во една од земјите на поранешната заедничка држава. „Секоја година се соочуваме со истата тажна приказна. Тревниот тепих под снегот е оштетен, слично како оној на фудбалскиот терен. Станува збор за исклучително чувствителна тревна површина која, поради неповолните услови, сè уште не е замрзната, па според првите проценки, штетата е огромна“, велат од Нордискиот центар „Планица“. Тагови: словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter