Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти
1Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти
Шоу бизФото: Лепа Брена и Нина Бадриќ уживаат на јахта„Кога животот ќе ти даде лимони, направи лимонада“.Лепа Брена(59) од мај е на одмор. Со сопругот Боба Живоиновиќ крстарат на јахта, а последниве денови се на хрватскиот брег. Така Брена вчера на јахтата ја угости 11 години помладата колешка Нина Бардиќ и се фотографираа во костими за капење. Брена според многумина ја засенила помладата Нина, а а во описот на фотографијата на Инстаграм напиша: -„Кога животот ќе ти даде лимони, направи лимонада“. Пејачките уживале во убавините на островот Вис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДали Ферари ги принудува клиентите да купат електричен модел? Пристигна одговор од МаранелоЛусе е развиен за различен профил на клиенти и не е наменет исклучиво за долгогодишни сопственици на Ферари. Секако, тие можат да го купат, но никој не е принуден да го стори тоа.Ферари цврсто ги негираше гласините дека клиентите мора да го нарачаат новиот електричен модел Лусе за да го задржат својот статус на важни клиенти или да добијат пристап до идни ограничени серии автомобили. Маркетинг директорот на Ферари, Енрико Галиера, изјави дека ваквите тврдења се неточни и дека таквата практика би му наштетила на самиот бренд. „Лусе е развиен за различен профил на клиенти и не е наменет исклучиво за долгогодишни сопственици на Ферари. Секако, тие можат да го купат, но никој не е принуден да го стори тоа“, рече Галиера. Тој верува дека незадоволните клиенти би влијаеле негативно на угледот на компанијата, додека брзата препродажба на возилото би можела да ја намали вредноста на користените копии и да предизвика дополнителни проблеми на пазарот. Иако не сакаше да го открие точниот број на нарачки за „Ferrari Luce“, Галиера нагласи дека продажбата ги исполнува очекувањата на компанијата. Според него, нарачките во моментов се распределуваат приближно рамномерно помеѓу новите и постојните клиенти на Ферари. Гласините се појавија по извештајот на Блумберг, во кој анонимни извори тврдеа дека купувањето модел Лусе би можело да ги зголеми шансите за добивање идни ограничени и специјални модели на Ферари. Сепак, Маранело вели дека таква политика не постои и дека пристапот до ексклузивни автомобили не е условен со купување електричен модел. Извор: Б92Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 процентиПремиерот Мицкоски информираше дека владата вчера водела разговори со сопствениците на маркетите со цел да се спречи дополнителен раст на цените и да се задржи инфлацијата на ниско ниво. Како што соопшти Мицкоски, во текот на вчерашниот ден била одржана работна средба со претставници на најголемите маркети во државата, на која главна тема биле инфлацијата и движењето на цените на основните прехранбени производи.рече дека се договориле во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица без месење тестоВо вторник (16.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Роберт Митров и Никола ЃеоргиевСостојки за денешниот рецепт: 170 гр. брашно 250 мл. јогурт 1 јајце 1 лажиче сол 1 лажиче шеќер 2 лажици масло 1 прашок за пециво За фил: 200 гр. кашкавал 200 гр. шунка или кулен 100 гр. печурки оригано и сусам Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook