3Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?
АвтомобилизамФото: „Lamborghini“ од над 4 милиони евра„Miura“ и понатаму се смета за најлегендарниот модел на „Lamborghini“, а следниот месец на аукција ќе се продава извонреден примерок.„Miura“ на фотографиите е еден од само 150 примероци на „P400 SV“ што ги произведе „Lamborghini“, не сметајќи ја ултра ограничената верзија на „P400 SV/J“ која служеше како ултимативна верзија на моделот. „Lamborghini“ го претстави „Miura P400 SV“ во 1971 година, и иако овој модел делеше многу компоненти со „послабите“ модели, тој доби голем број подобрувања што го направија многу подобар. Работата на брегаста осовина на 3,9-литарскиот атмосферски V12 мотор беше прилагодена и беа поставени „Weber“ карбуратори, благодарение на што моќноста беше зголемена за 15 КС, така што моторот испорачуваше 380 КС и 400 Nm вртежен момент. Овој „Miura SV“ е еден од само 96 примероци со поделен картер, каде што менувачот имаше свој систем за подмачкување одвоен од моторот. „Gooding & Company“ наведува дека ова е единствениот автомобил обоен во тахитско сино и има златни бандажи. Комбинацијата на бои изгледа одлично, а врвната реставрација ја направи италијанскиот специјалист „Cremonini Garrozzeria“. Ова значи дека автомобилот изгледа исто толку добро како кога ја напуштил фабриката. Негова предност е и фактот што досега имал само тројца приватни сопственици, истакнува „Klix.ba“. Автомобилот ја напушти фабриката на „Lamborghini“ на 12 мај 1972 година и е опремен со клима уред, што имаат само 29 примероци на „SV“. Внатрешноста е обложена со сјајна бела кожа. Автомобилот е испорачан на првиот купувач во Италија, кој го чувал 38 години и поминал помалку од 80.000 километри. Се проценува дека новиот сопственик ќе одвои меѓу 3,5 и 4,25 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид30 дневен притвор доби Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара во Охрид. Од обвинителството информираат дека барањето за притвор следувало по проширувањето на обвинението од едно на три кривични дела. Обвинението опфаќа телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.одлуката е донесена врз основа на дополнителни докази собрани во истрагата. Обвинителството оценило дека постои опасност обвинетиот да го повтори насилството.нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Според МВР, расправијата започнала во домот, а продолжила во автомобилот, каде жената била физички нападната.таа изгубила свест и била пренесена во болницата во охрид, а потоа во „Свети Еразмо“. Корабоски бил лишен од слобода во 5 и 05 часот. Претходно му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до оштетената. Адвокатот владимир туфегџиќ вели дека самиот факт што доаѓа до драстична промена на мерката остава сомнеж. Вели дека малите локални средини создаваат големна локална моќ, затоа според него републичкото јавно ообвинителство треба да го преиспита случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)Министерството за одбрана објави дека авион МиГ-29 на српската армија, дел од 204-та воздухопловна бригада, се урна утрово околу 8:45 часот во близина на Стара Пазова, при што загина пилотот, мајор Горан Булајиќ.Според соопштението на Министерството, воената полиција веднаш пристигнала на местото на несреќата, а за трагичниот настан бил известен и надлежниот обвинител. За да се утврдат сите факти, формирани се две комисии - комисијата за истражување на вонредниот настан, чија задача е да ги утврди околностите на несреќата и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертската комисија на воздухопловните сили, која ќе ги испита техничките причини за авионската несреќа. Пилотот кој загина, мајор Горан Булајиќ, е роден на 25 март 1973 година во Белград и бил во професионална служба во српската армија од 1996 година. Зад себе оставил две деца. View this post on Instagram A post shared by SERBIA LIVE - VESTI (@serbialive_vesti) По повод оваа трагедија, министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заменик-началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и командант на воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана, генерал-потполковник Тиосав Јанковиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на загинатиот пилот. Генерал-потполковник Јанковиќ по несреќата отиде на местото на настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност? Доста е од системски жртви, насилство врз жени, фемциди. Доста е од непостапувањата на Министерството за внатрешни работи, заштита на насилници, неказнивост само затоа што некој има врски со оваа криминална власт на локално или на централно ниво. Уште колку жртви се потребни за некој од власта да понесе одговорност? Панче Тошковски има најголема политичка одговорност за потфрлување на превенцијата за непостапување на МВР и заштита на криминалците. Одамна требаше да си поднесе оставка, а не да чека. Позади секоја жртва на фемцид стојат бројни нерасчистени пријави и непостапувања. Последниот случај со насилството врз Сара од Охрид повторно потврди дека институциите не функционираат, не ја гарантираат безбедноста на жените и служат само како инструмент на власта за заштита од одговорност. Да не беше брзата гневна реакција на граѓаните, на невладините организации, на СДСМ, ќе ја видевме старата шема на ВМРО. Жртвата во болница и страв за својот живот, а насилникот на слобода поради врски со локалните ВМРО-вски функционери. Затоа го ослободиле да си оди дома. Па откако јавноста гневно реагираше, под притисок се загрижија за себе и реагираа. Го сменија обвинителот, сменија одлука. Одеднаш им текна на нови околности и го однесоа во притвор. Тоа не е систем. Тоа е партиска контрола која работи по наредби од горе. Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид. Безбедноста на жените не смее да биде калкулација на ВМРО. Мицкоски, Тошковски, Савески - бараме проширување на истрагата. Насилникот од Охрид не е сам. Има родители кои сугерирале да се ослободи од делото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил. Бараме најстроги казни за насилникот и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата. Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд. Како пратеничка група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери бараме итно донесување на заклучоците од надзорната расправа кои ќе овозможуваат функционалност на системот, не со укажување, не со препораки, туку со задолжување на институциите. Итно ставање на дневен ред на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените кои стојат во фиока од август месец. Итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со присуство на Тошковски и Савески. Како жени нема да молчиме, туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме во Македонија жените да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи. Државата мора да биде посилна од насилството, а институциите мора да бидат на страна на жртвите, рече Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00