Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното
1Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното
ЗабаваФото: Коко се разголе на ИнстаграмАмериканската водителка и старлета Коко Ти го „запали“ Инстаграм. Сексапилната сопруга на актерот Ајс Ти откога се појави на сцената вниманието на јавноста и медиумите го привлекува со своите раскошни облини. Коко секојдневно на социјалните мрежи ги истакнува главните адути, огромните гради и задникот, но сега како малку да претерала. Раскошната русокоса на Инстаграм сега објави фотографии во долна облека, Коко на себе има долна облека која во суштина ништо не покрива. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектиранотоЗадолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното, Еврообврзницата во наредната година може да се реализира во 2 дела .Нивото на јавниот долг останува во рамки на проектираното и Фискалната стратегија. До крајот на годината ќе се реализираат задолжувања само што се планирани во Буџетот и Ребалансот. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во телевизиско гостување. „Министерството за финансии не може да се задолжува дополнително ако тоа не е предвидено со Буџетот и Ребалансот“, рече министерката и појасни дека заради промена на состојбата на пазарите е направено задолжување на меѓународниот пазар и дека генерално со домашно задолжување ќе се заокружи дефицитот за годинава. Наведе дека се следат состојбите, се прават калкулации и се избираат опции за пониски камати. При тоа посочи дека до крајот на годината нема да има издавање на еврообврзница. „Ги разгледуваме состојбите. Издавањето на Еврообврзницата ќе зависи од состојбите на пазарот. Неизвесноста е голема и затоа ја разгледуваме и можноста за следната година да издадеме 2 еврообврзници или да имаме два различни типови на задолжување. Не сме одлучиле дека ќе биде во јануари, може и февруари. Но како и да е секако еден дел обврзница треба да имаме за да може да ја сервисираме Еврообврзницата издадена во 2023 година, а која доспева во 2027 година која беше со каматна стапка повисока од 6%. Значи дека каматната стапка тогаш била поприлично висока“, посочи министерката. Во интервјуто се осврна на Ребалансот на Буџетот којшто беше усвоен од страна на Владата. При тоа се посочи дека капиталните расходи кај кратењето е по основ на КАПЕФ механизмот, односно дека има одложување на проекти кај кои нема реализација согласно планот, а дека нема кратење на проекти кои што имаат редовна динамика на реализација. За инфлацијата изрази очекувања дека ќе се стабилизира, додека во врска со подготовката на Буџетот за наредната година посочи дека се работи и дека ќе се движи во рамки на Фискалната стратегија, а од проритети ќе бидат здравството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнкета Маркет вижн: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водствоГолеми се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн.Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници. На прашањето „за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, 19,3 отсто одговориле дека ќе гласат за ВМРО-ДПМНЕ, 5,6 отсто за СДСМ, а рејтинзите на ДУИ и на Влен се изедначени – 4,2%. 41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да излезат да гласаат, не знаат дали ќе излезат на гласање или не сакаат да одговорат на ова прашање. Меѓу испитаниците кои се определени за одредена политичка партија, за Левица би гласале 4 отсто од испитаниците, за ЗНАМ 1 отсто. И кај лидерите, довербата за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, (20,4%) е во голема предност пред довербата во Венко Филипче, претседателот на СДСМ (3,8%). Дури 44,1% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија, а 12,5% не сакаат да одговорат на ова прашање. Довербата за Али Ахмети е 3,7%, за Димитар Апасиев – 3,4%, за Изет Меџити – 2,6%. Лидерите на новата политичка партија Влен, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши, се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ. И анкетата спроведена во јуни покажа убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски пред опозициската СДСМ. Анкетата е спроведена со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОд 14 до 28 октомври во Скопје ќе се одржи 21. издание на фестивалот „Златна лира“Две децении и повеќе во знакот на камерната музика и македонското исполнителство,14 - 28 октомври, Музеј на македонската борба.Од 14 до 28 октомври во Скопје ќе се одржи 21. издание на фестивалот „Златна лира“, со осум концерти на истакнати македонски музички уметници и камерни ансамбли. Во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), од 14 до 28 октомври 2026 година, во Музејот на револуционерната борба во Скопје, ќе се одржи 21. издание на фестивалот „Златна лира“. Со континуитет од повеќе од две децении, фестивалот се етаблира како значајна платформа за афирмација на македонската репродуктивна музичка уметност, со особен акцент на камерното музицирање, негувањето на интерпретативната традиција и претставувањето на различните генерации домашни музички уметници. Годинашната програма опфаќа осум концертни вечери, во кои камерната музика се претставува низ разновидни инструментални состави, стилски епохи и естетски изрази. Од барокната полифонија и класичната формална јасност, преку романтичарската експресивност, до звучните и ритмичките истражувања на музиката на 20 и 21 век, фестивалот нуди широк пресек на камерниот репертоар. Посебно место заземаат делата на македонските композитори, поставени во непосреден дијалог со европското и светското музичко наследство. Фестивалот ќе биде отворен на 14 октомври со настап на гитарското дуо „Милонга“, кое го сочинуваат Александра Кировска и Дејан Лазаревски. Нивната програма е обликувана околу експресивните и ритмичките особености на гитарската литература, со нагласено присуство на латиноамериканскиот музички идиом. Делата на Максимио Диего Пујол, Астор Пјацола и Зеќиња де Абреу, заедно со композиции од Јохан Каспар Мерц и Војислав Ивановиќ, отвораат простор за стилски контрасти, виртуозност и богата колористичка палета на двете гитари. Кировска и Лазаревски, кои во последните години остваруваат активна заедничка концертна дејност, негуваат репертоар што ги поврзува класичната гитарска традиција и современите изведувачки пристапи. На 15 октомври ќе настапи Трио „Интерарт“, во состав Александар Стефановски и Емилија Ристевска Стефановска – флејти и Татјана Божиновска – пијано. Ансамблот, основан во 1997 година, зад себе има богата меѓународна концертна биографија и повеќе значајни признанија, меѓу кои и „Diploma d’Onore“ од меѓународниот натпревар во Париз. Програмата со дела од Гери Шокер, Александар Рубцов, Жан-Мишел Дамаз и македонскиот автор Марко Виденовиќ ги истакнува специфичните можности на овој камерен состав, во кој тембровската сродност на двете флејти се надополнува со хармонската и ритмичката улога на пијаното. Кларинетистот Бранко Павловски и пијанистката Наташа Трбојевиќ ќе настапат на 20 октомври, со програма што ги обединува романтичарската традиција и современата литература за кларинет и пијано. На репертоарот се дела од Норберт Бургмилер, Шарл-Мари Видор, Луј Каузак, Микеле Мангани и Леонид Перминов, како и Сонатата од македонскиот композитор Благој Цанев. Програмата отвора различни аспекти на кларинетскиот израз – од лирската кантилена и суптилното фразирање до виртуозната подвижност и драматуршката разноликост на сонатната форма. Павловски и Трбојевиќ се уметници со долгогодишно концертно и педагошко искуство, чија дејност зазема значајно место во развојот на македонската камерна сцена. На 21 октомври пијанистите Јасна Аврамовска и Дарко Мариновски ќе се претстават со програма посветена на литературата за пијано четирирачно. Овој специфичен облик на камерно музицирање, кој бара високо ниво на интерпретативна усогласеност и заедничко обликување на музичката фактура, ќе биде претставен преку дела од Јохан Себастијан Бах, Франц Шуберт, Феликс Менделсон и Едвард Григ. На 24 октомври виолинистот Момчило Куфојанакис и пијанистката Весна Ангелова Христов ќе изведат програма во која се испреплетуваат класичната елеганција, романтичарската лирика и виртуозната виолинистичка традиција. Покрај сонатите од Моцарт и Шуберт, на репертоарот се Чаконата од Томазо Антонио Витали, прочуената соната „Ѓаволски трилер“ од Џузепе Тартини и „Интродукција и рондо капричиозо“ од Камиј Сен-Санс. Програмата вклучува и дело од македонскиот композитор Стојан Стојков, со што домашното творештво добива свое место во поширокиот историски и стилски контекст на виолинската литература. Куфојанакис и Ангелова Христов се долгогодишни камерни партнери со бројни настапи на домашните и меѓународните концертни сцени. Посебно место во фестивалската концепција има концертот на млади наградени уметници, закажан за 25 октомври. Со оваа програмска определба, „Златна лира“ ја продолжува својата улога не само како сцена за етаблирани интерпретатори, туку и како простор за афирмација на новите генерации музичари, овозможувајќи им непосредно вклучување во професионалниот концертен живот. На 27 октомври ќе настапат саксофонистот Лазар Соколов и пијанистката Емилија Кабранова Филипова, со програма која ги истражува изразните и колористичките можности на саксофонот во камерната музика. Делата од Анри Томази, Роже Бутри, Жил Демерсман и Еитор Вила-Лобос носат различни стилски влијанија, од француската инструментална традиција до јужноамериканската ритмичка и мелодиска чувствителност. Македонското современо творештво е застапено преку композициите „Apricity“ и „Lullaby for Marika“ од Јана Андреевска. Дуото Соколов – Кабранова Филипова се одликува со репертоарска отвореност и интерес за музичките јазици што се движат на допирните точки меѓу класичната, современата и џез-музиката. Дваесет и првото издание на „Златна лира“ ќе биде заокружено на 28 октомври со вокален рецитал на мецосопранот Александра Коцевска и пијанистот Глигор Гелебешев. Во фокусот на завршната вечер ќе биде соло-песната како интимна форма на музичко-поетски израз, во која вокалната интерпретација и пијанистичката фактура се обединуваат во единствена драматуршка целина. Програмата опфаќа песни од Морис Равел, како и дела од македонските композитори Сотир Голабовски и Љубомир Бранѓолица. Коцевска, добитничка на наградата „Златна лира“ за врвни уметнички достигнувања во 2024 година, и Гелебешев веќе повеќе од една деценија градат препознатлива камерна соработка, со особен интерес за вокалната лирика и нејзините разновидни стилски облици. Со своето 21. издание, „Златна лира“ продолжува да ја афирмира камерната музика како еден од најсуптилните облици на музичка комуникација, во кој индивидуалниот уметнички израз се остварува преку дијалог, заемно слушање и интерпретативно единство. Поврзувајќи ги традицијата и современоста, домашното творештво и меѓународниот репертоар, фестивалот ја потврдува својата улога во одржувањето на континуитетот и видливоста на македонската музичка изведувачка уметност. Организатор: Сојуз на музичките уметници на Македонија (СМУМ) Место: Музеј на револуционерната борба, Скопје Период: 14–28 октомври 2026 година Влезот на сите концерти од програмата е слободен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter