Фото киноклуб „Козјак“ Куманово одбележува 75 години постоење - Канал 5

Фото киноклуб „Козјак“ Куманово одбележува 75 години постоење

Мора да потенцираме дека клубот непрекинато работи 75 години. 

Фото киноклуб „Козјак“ Куманово одбележува 75 години постоење

Фото киноклуб „Козјак Куманово“ одбележува 75 години од постоењето, информираа денеска надлежните од клубот кои ги поканија кумановци да присуствуваат на одбележувањето на јубилејот и да проследат програма која го прикажува творештвото на клубот и нејзините членови.

- Мора да потенцираме дека клубот непрекинато работи 75 години. По тој повод утре, со почеток во 18:30 часот во занаетчискиот дом ќе имаме богата програма, проекција на филмови, изложба на фотографии, проекција на дијапозитиви и слично. На овој начин кумановци ќе имаат можност да разгледаат и да се уверат во творештвото и придонесот на клубот, изминативе седум и пол децении, изјави Милош Нешковски, претседател на клубот.

Кино секцијата на клубот е основана 1963-та година што годинава се поклопува со 60 години од постоењето на киното во клубот, пет години се организира и фестивалот на краток филм „Филмај“.

-Низ годините членството варира имало периоди кога имало голем број членови, има периоди кога имало помал број што зависело од поддршката. Седумдесеттите години имало голема филмска продукција. Народната техника порано била дел од техничкото описменување на Титовите пионери, па секоја фабрика давала придонес за развој, ако им требало камера ја набавувала ФЗЦ, ако им требало друго давал ЧИК, вели Нешковски.

Клубот годинава организираше „Мајски салон 2023“ која е и традиционална клупска изложба на ФКК „Козјак“. Во склоп на овогодишниот салон, посетителите имаа можност да видат уште една изложба на уметничка фотографија насловена „Различни погледи“ од членовите на збратимениот Фото клуб „Марибор“ од Словенија.

Клубот е организатор и на меѓународниот фестивал на краток филм „ФИЛМАЈ 2023“ на кој учествуваа автори од 45 земји или 196 филма.

Како трети настан беше традиционално организирана најстарата меѓународна изложба во Македонија, „Фото Салон 2023“. -Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години „Фото Салон“ прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот. На овогодишниот натпреваротучествувале 115 автори од целиот свет.

Како последен настан за годинава е утрешниот со почеток од 18:30 часот во Занаетчиски дом Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По неколку дена тактизирање, бугарското МНР попладнево соопшти дека го прифаќа барањето за средба Чамова-Муцунски

Ќе има можност за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој ќе се одржи во Софија во четврток. 

По неколку дена тактизирање, бугарското МНР попладнево соопшти дека го прифаќа барањето за средба Чамова-Муцунски

По барањето за средба што ја иницираше македонската страна на предлог од шефицата на ЕК, Фон дер Лајен, бугарското МНР во изјава за бугарската државна агенција БТА остава отворена врата за ваква можност.

-На 8 октомври во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција за Коридорот VIII, чиј домаќин ќе биде министерката за надворешни работи, Велислава Петрова. Во рамките на форумот, на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, ќе има можност за одржување на билатерална средба, што е дел од редовниот дијалог меѓу двете земји, велат од бугарското МНР.

Премиерот Мицкоски денеска повтори дека барањето за средба е испратено по добиениот совет од Фон дер Лајен при посетата на Скопје, и ги отфрли тврдењата дека има незадоволство од пораките на шефицата на ЕК. Изјавата, вели, била погрешно протолкувана. Очекува во периодот што следи да се интензивира процесот и да се најде решение за актуелната ситуација во која се наоѓа државата.

-Јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она коешто во иднина претставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија, нѐ мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен, како никогаш досега, кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она коешто е посветено на приклучување на државата кон EУ, изјави Мицкоски.

Според лидерот на СДСМ Венко Филипче, претседателката на ЕК јасно потврдила дека европскиот пат на Македонија не го загрозува ниту идентитетот, ниту јазикот, а власта, според него со манипулации ја држи државата во изолација и го кочи европскиот пат. Филипче кажа дека нема никави очекувања од евентуална среба меѓу министрите од двете страни.

-Што ќе прави Тимчо сега? Ќе клечи? Ќе витка кичма? Што ќе прави во Бугарија? Зошто треба да се оди во Бугарија кога ние имаме работа со Брисел на темата. Зошто сакаат да го билателаризираат прашањето кога не е така како што тие сакаат да го прикажат? Нека оди, тоа му е работа, прашањето е зошто не беше досега и што може да се очекува од таа средба? Јас ништо не очекувам. Затоа што се е изговор, овие луѓе не сакаат во ЕУ, изјави Филипче.

Муцунски и Петрова Чамова имаа една официјална средба во мај, годинава, на маргините на состанокот на НАТО во Шведска. Средбата се одржа во амбиент на затегнати билатерални односи и на иницијатива од македонскиот министер Муцунски, кратко по изјавите на Чамова во кои го употреби терминот „северномакедонски“, но таа заврши без позначаен напредок и без поместување на позициите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стопанската комора со законски предлог за кратење на празниците, ССМ се спротивставува

Работодавците бараат кратење на празниците – доколку државен празник е во недела, да не се префрлува славењето за следниот ден и понеделник да си остане работен.

Стопанската комора со законски предлог за кратење на празниците, ССМ се спротивставува

Покрај ова, стопанската комора до министерство за економија ќе предложи граѓаните да можат да избираат кои два верски празници ќе ги празнуваат, зависно од нивната вероисповед, додека за другите кои нема да ги изберат, ќе треба да се појават на работа. Од комората објаснуваат дека Македонија има голем број неработни денови што велат води до финансиска загуба кај компаниите.

Според анализата на комората направена на 36 европски економии, во најголем дел од нви бројот на државни празници се движи меѓу 11 и 14. Македонија е во тие рамки доколку се земат предвид само 11-те неработни денови, но се додадат и неработните денови за припадниците на православната вероисповед, бројот достигнува 16.

– Голем дел од празниците ги минуваме во странство и потрошувачката и приходите се насочуваат кон економии на други држави. Предлогот ќе е од сите овие празници кои не се однесуваат на сите, со договор за вработување при вработување лицето да определи кои од посочените празници ќе ги празнува. И така би се определиле, нашиот предлог ќе биде да се два дополнителни денови, со што вкупниот број на неработни денови би се свел индиректно на 13 неработни денови,- - изјави Анета Димовска, приватен менаџер во стопанска комора.

На ваквиот предлог, експресно реагираа од Сидникатот.. Претседтаелот на ССМ Трендафилов смета дека единствената цел на кратењето на празниците е да не им се плаќа на работниците дополнително за работа на празници..

– Размислувањето на работодавачите да скратат нешто што не плаќаат, а денеска работата на празник е 250 проценти дневница за работникот и тие да сакаат само да ги скратат овие 250 проценти на работниците не само што сметаме дека е несериозно, туку е и крајно навредувачки,- изјави Слободан Тренфафилов, претседател на ССНМ .

За граѓаните кои ги анкетиравме кратењето на празниците не е решение - велат дека треба да се подобри ефикасноста на работникот во текот на самите работни часови, а не тие квантитативно да се зголемуваат.

- Исто така сметам дека не е проблем денот на државните празници и верските празници тука мислам исто влегуваат, тоа не е проблем, туку поголем проблем е колку сме ефикасни за време на работниот ден од 8 саати. Сметам дека тука треба да се подобри и унапреди, а не да се дискутираат деновите коишто ги имаме како празник.

– Јас колку што сум информиран ние немаме нешто многу повеќе празници во однос на други држави – иаме по број горе-долу исто како и другите држави по број, е сега што сакаат да постигнат со тоа не ми е јасно – Од една страна зборуваме да се скрати работното време на 4 часа, дека сме многи продуктивни, а од друга страна сакаме да ги кратиме празниците, зошто ги кратиме, за да работиме повеќе?

Цела на комората со новиот предлог е да се намали бројот на неработни денови на 13. Предлогот на комората треба да биде испратен до Министерство за Економија, а последниот збор за евентуално кратење на празниците би го имале пратениците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анализа на Фискалниот совет: Пензискиот систем е загрозен, потребни се реформи

Пензискиот систем е под се поголем притисок. Анализата на Фискалниот совет и „Фајнанс тинк“ покажува дека јазот веќе изнесува 5,2 отсто од БДП, а без реформи до 2037 година може да достигне и до 6,6 отсто. 

Анализа на Фискалниот совет: Пензискиот систем е загрозен, потребни се реформи

Анализите покажуваат и дека се помалку осигуреници финансираат се повеќе пензионери. Во 2024 година на еден пензионер имало 1,67 осигуреници, а поради нискиот наталитет, иселувањето на младите и стареењето на населението, проекциите покажуваат дека овој сооднос во иднина може да падне и под еден. Дополнителен проблем е неформалната економија. Според анализата, околу 95 илјади работници не плаќаат придонеси или плаќаат помалку од реалната заработка. Препораките се постепено зголемување на придонесите од 18,8 на 20%, промена на начинот на усогласување на пензиите, но и соодветни мерки за намалување на неформалната економија и зголемување на бројот на луѓе на пазарот на труд.

-Дел од состојбите коишто се во делот на демографија веќе и не можеме да делуваме, па така прозорецот за реформи се затвора околу 2035 година, односно колку повеќе ја одложуваме оваа потенцијална реформа, толку цената ќе биде поголема и ќе бидат поболни тие реформи. Така што параметарски реформи се неопходни, меѓутоа не се и доволни,- Благица Петрески – Фајнанс тинк.

Годинава дефицитот на ПИОМ достигнува околу 1,07 милијарди евра, а директорот Никола Мемов вели дека само годинава дефицитот пораснал за над 160 милиони евра. Тој се есогласува дека придонесите треба постепено да се зголемуваат, но додава дека потребно е да се промени и методологијата за пресметка на пензиите, да се преиспитаат и правилата за минималната и максималната пензија и повластените категории. Како значителен товар на фондот ги потенцира и обврските кон ФЗО, кои сочинуваат над 220 милиони евра од вкупниот дефицит.

-Како растат пензиите, така расте и обврската на ПИОМ спрема ФЗО. А цената на здравствените услуги не расте.Само за 2026 година обврската на ПИОМ спрема Фондот за здравство порасната е за 3,5 милијарди денари, затоа што пензиите се пораснати за 7.000 денари кумулативно, тоа значи 30 милијарди денари за цела 2026 година. Ова значи дека пензионерите во 2026 година добиваат повеќе пола милијарда евра во споредба со 2024 година. И административно се зголемува долгот за цели 60 милиони евра на ПИОМ спрема Фондот за здравство. Ова треба да се смени,- Никола Мемов – директор на ПИОМ.

Во однос на вториот пензиски столб, Мемов смета дека е потребна поголема слобода за пензиските друштва при инвестирањето, односно поголем дел од средствата да се насочуваат кон акциски инвестиции наместо кон државни обврзници. Тој уверува дека средствата на осигурениците се одвоени од државните и дека државата не може да ги користи, додека нивното инвестирање го контролира МАПАС.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер