Шоу бизФото: Ким Кардашијан гопокажа ѓерданот од дијаманти вреден 150 000 долариНајпознатата американска старлета Ким Кардашијан која неодамна стана милијардерка го покажа накитот вреден 150 000 долари.Ким на социјалните мрежи се пофали со новиот дијамантски ѓердан од 150 000 долари. Специјалниот накит за популарната старлета го изработиле во светски познатата работилница за накит „ Jay Feder Jewelers“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема БогородицаПрвиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска го одбележа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со посета на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во духот на празникот, градоначалникот упати честитки до сите православни верници, со желби за добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа. „Овој голем празник нè потсетува на најважните човечки вредности - верата, љубовта, надежта, милосрдието и грижата за ближниот“ - порача Лукровски. Успението на Пресвета Богородица, познато меѓу народот како Голема Богородица, е еден од најголемите празници посветени на Божјата Мајка и има особено значајно место во православната духовна традиција. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ и Ратко Младиќ: Воениот злосторник како „генерал“ во Владата на МакедонијаИван Стоилковиќ, министер во Владата на Македонија, до вчера заменик-премиер, денеска јасно покажа каде му е местото и кои му се вредностите.За него босанскиот српски лидер Ратко Младиќ - осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото е величина и херој. За него тој е „негов генерал“ - среде Македонија. Ова е дел од поширока агенда: Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник. Наместо да гледаме кон иднината, кон Европа, кон демократско и просперитетно општество - ние се враќаме во деведесеттите, во политиката на Милошевиќ и војните. Министер во Владата на Мицкоски јавно велича човек осуден за геноцид во Сребреница. Тоа не е ниту личен став, ниту „културна разлика“. Тоа е директна порака: во оваа Влада има место за оние кои ги слават воените злосторници од најмрачните страници на балканската историја. СДСМ најостро го осудува овој чин. За вакви како Стоилковиќ нема место во ниту една демократска, европска и цивилизирана влада. Мицкоски мора да одговори - дали ова е официјален став на неговата Влада или личен испад на неговиот министер? Граѓаните на Македонија не заслужуваат да имаат министер кој воениот злосторник го нарекува „мој генерал“. Наместо да гледаме кон демократските вредности, иднината, Европа и просперитетот, ние имаме министри во Владата кои ги величаат воените злосторници. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожариВо текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци Денеска (28.08.2026) полициски службеници од СВР Скопје на територија на општина Сарај реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми. Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Штип и Отсекот за превенција при СВР Тетово, пак, спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај. На наплатната станица „Кадрифаково“ во склоп на кампањата „Безбедно лето - вози одморен“, полициски службеници од СВР Штип на возачите во непосредна комуникација им укажаа за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, им беше нагласено дека во овој период, кога е зголемена фреквенцијата во сообраќајот и возачите се упатуваат кон летните дестинации минувајќи стотици километри, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово пак, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, поточно на влезот во село Лешок, ги информираа возачите за последиците што можат да настанат доколку управуваат возило под дејство на алкохол. Во текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци изготвени во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност – Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter